Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Турција каде што ќе учествува на 21. Евроазиски економски самит што се одржува во Истанбул.
Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на свеченото отворање, како и на претседателската сесија на самитот којшто годинава се одржува на тема „Дилемата на нашиот век: Технологија наспроти политика“.
Претседателот Иванов ќе присуствува и ќе се обрати и на средбата со претставници на Стопанската комора на Македонија и турски бизнисмени.