Претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање ги повика лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се помират и да се сплотат околу државните интереси на Македонија.
„Во омразата никој нема иднина, ниту има надеж. Повикувам на простување, помирување и сплотување околу државните интереси“, рече тој.
Тој предупреди дека нема да дозволи Македонија да биде бинационална држава, и како што рече федерална држава.
„Слушам дека се бара двојазичност на цела територија, тоа е затворено прашање. Службената употреба зависи од статистиката, а единствен начин за да се утврди статистиката е пописот. Без нов попис не може да се бараат права кои зависат од статистиката“.
Претседателот во своето обраќање порача дека е неодгорно да се бараат права без обврски, а обврска на секој било да се грижи за добрто на оваа наша заедничка татквовина. Неодговорно било, рече, некои лидери да ги ставаат државните интереси зад партиските, и ги предупреди да внимаваат што прават, да не помислат да преговараат за државните интереси на Македонија и македонскиот народ, оти за тоа не се разговарало и преговарало. Никој, според Иванов, немал мандат да го продавал она за што сонувале и гинеле генерации.
„Македонија ниту е, ниту ќе се согасам да биде бинационална држава“, дециден е Иванов.
Тој повикувајќи се, како што рече, на ингеренциите како претседател вети ќе ги бранел суверенитетот и територијалниот интегритет од внатрешните и надворешни ризици.
Во говорот, Иванов, како неодговорно го нарече однесувањето на некои партискки лидери кои државните според него, ги сведоа на лични интереси.
„Се заборави дека да се биде политичар треба да се биде пристоен“, рече Иванов.
Иванов призна дека имало преголема партизација на државата која довела до тоа граѓаните новинарите, музичарите, бизнисмените да станат заложници на политичкита партии.
Претседателот во својот говор повика да не се напаѓаат амбасадорите во земјава, но и нив ги предупреди да не ја преминуваат линијата која е предвидена со Виенската конвенција.
Тој го нападна Специјалното јавно обвинителство и повторно кажа дека помилувањата ги дал за доброто на сите.
„СЈО служи за уцена на политичките противници. Потпишувајќи го законот за СЈО јас не очекував селективност во неговата работа. Јас бев единствената институција која може да носи одлуки, и понудив решение и помирување за сите кои без вклучени во политичката риза. Еден ден кога ќе бидат декласифицирани сите документи ќе видат зошто ја потпишав аболицијата, тоа беше за да се избегне анархија“, рече Иванов.







