Процесот мора да се води во рамката утврдена од Обединетите Нации, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов додавајќи дека за каков било документ најпрвин мора да се консултираат експертите по меѓународно право.
Иванов се воздржа од дополнителни коментари во врска со предлогот Република Илинденска Македонија за севкупна употреба и рече дека неговиот став ќе го изнесе откако писмено ќе го добие предлог решението за името.







