Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“ во фокус на Светскиот метеоролошки ден
Градови

„Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“ во фокус на Светскиот метеоролошки ден

март 23, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иднината на времето, климата и водата низ генерациите е темата на годинашниот Светски ден на метеорологијата што се одржува за време на 150-годишнината на Светската метеоролошка организација и ги истакнува минатите достигнувања, сегашниот напредок и идниот потенцијал на метеоролошките сервиси.

Свеченоста по повод Светскиот ден на водите – 22 март и Светскиот метеоролошки ден „23 март годинава ќе се одржи во метеоролошката станица во Берово. На свеченоста ќе се обрати градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Ивица Тодоровски, а ќе има и доделување признанија на вработени кои во УХМР навршуваат 10, 20 30 и 40 години работен стаж.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во државава првите метеоролошки мерења и набљудувања се вршени уште во 19 век, во периодот од 1891 до 1899 година, во Скопје од страна на чиновниците од Австрискиот конзулат, а по катастрофалните поплави од 1922 година, Генералната дирекција за води во 1923 година формира мрежа на 25 дождомерни станици.

Хидрометеоролошката служба е формирана во 1947 година, а во годините што следат се формираат голем број метеоролошки и хидролошки станици од различна категорија.

„Напоредно со стекнувањето со статусот на независна држава, а особено со членството во СМО во 1993 година, УХМР ги започна првите чекори кон автоматизација на набљудувањата, и следејќи го технолошкиот напредок во информатиката и телекомуникациите го усвои новиот начин за размена на податоците во меѓународните програми на Светското метеоролошко бдеење (World Weather Watch), вели директорот на управата, Ивица Тодоровски.

Во последните години, како што посочува, во Управата интензивно се работи на модернизација на класичните методи на мерења и инсталација на автоматски метеоролошки мерења.

„Денес Управата располага со над 60 автоматски метеоролошки станици, над 40 автоматски хидролошки станици и секоја година се врши модернизација на постојните радарските системи, дополнува тој.

Тодоровски посочува дека, меѓу другото, УХМР учествува во експерименталната програма за заштита од град применувајќи најсовремена метода на авионско засејување на облаците.

Во однос на идните планови ги издвојува обезбедување продукти и услуги кои, како што вели, не се само од национално значење, туку се глобални стремежи на метеоролошките служби во целиот свет, предводени од Светската метеоролошка организација.

„Во наредните децении во фокусот ќе бидат истражувањата за обемот и темпото на промените во нашето време и клима, и во нашиот воден циклус кои се надеваме ќе помогнат да станеме поотпорни и навреме да се прилагодиме, вели тој. ар/лв/

иднината истражување метеоролошка организација УХМР
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Дестабилизација на времото, невреме и поројни дождови за продолжениот викенд

мај 19, 2026

Времето облачно со дожд и ветер

мај 8, 2026

Туристичката комора на ССКМ бара одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона

април 23, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.