Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Идниот собраниски состав поскоро да се наврати на Законот за заштита од дискриминација, порачуваат од ЕПИ
Македонија

Идниот собраниски состав поскоро да се наврати на Законот за заштита од дискриминација, порачуваат од ЕПИ

јули 8, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Идниот собраниски состав што е можно поскоро да се наврати на Законот за заштита од дискриминација кој беше укинат од страна на Уставниот суд, порачувааат од Институтот за европска политика, кој заедно со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Министерството за надворешни работи денеска го презентираа извештајот на Европската агенција за фундаментални права во кој првпат е опфатена и земјава.

Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, вели дека законот за заштита од дискиминација е закон којшто ни е потребен нам како држава.

„Ние никогаш законот за заштита од дискиминација не го гледаме само како барање од Европската унија. Од друга страна, тој е критериум на директивите на ЕУ. Значи, тој не е некое меко право, не е аспект на усогласување на одредени одредби со пракси, туку е потреба за да можете да исполните критеримумите во поглавјето 19, социјална политика и во поглавјето 23“, појаснува Кацарска.

Според неа, државата стои доста добро со земјите-членки на Унијата во однос на усогласеноста со европското законодавство, но она на што ќе треба да се поработи и што останува како предизвик во следниот период е градењето на судската пракса и имплементацијата на неколку закони како што се законот за социјална заштита, инклузивните аспекти на Законот за основно образование и новите одредби за регулирање на говорот на омраза.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изразува жалење што еден толку важен закон сега не е во сила, но вели политичката заложба ќе биде веднаш по конституирање на Собранието, овој закон повторно да биде донесен.

„Холандија уште пред донесувањето на Законот за антидискриминација се интересираше за ова прашање и на еден од брифинзите пред неколку недели разговарав со холандскиот амбасадор, кој пак го упати прашањето. Нашиот одговор беше следен – изразивме жалење што еден толку важен закон сега не е во сила. Не можеме како МНР и како Влада баш експлицитно да ги толкуваме одлуките на Уставниот суд. Укажавме дека има правна заштита преку директна примена на Европската конвенција за човекови права и на Инстанбулската конвенција, меѓутоа кажавме дека политичка заложба веднаш по конституирање на Собранието, ќе биде овој закон повторно да биде донесен“, изјави Димитров.

Народниот правобранител како институција предлага комисијата која треба да биде формирана со овој закон да биде избрана на ист принцип како Комисијата за спречување на корупцијата.

„За законот којшто Уставниот суд го укина поради начинот на кој бил донесен, ние како институција се уште имаме забелешки и сметаме дека тој во однос на комисијата за заштита од дискриминација е многу слаб. Ставот на Народниот правобранител е дека оваа комисија треба да биде избрана на потранспарентен начин и од лица кои не се инволвирани во разни политички структури затоа што „рак рана“ во нашето општество е комисиите да ги формираме со кадри кои лесно потпаѓаат под влијание на разни политички структури“, изјави народниот правобранител Иџет Мемети.

Извештајот на Европската агенција за фундаментални права беше објавен на 11 јуни годинава и покрај земјите членки на Унијата и Велика Британија, ги опфаќа и нашата држава и соседна Србија.

 

актуелно дискримицација ЕПИ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.