Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ИЗБОРНА ДРАМА ВО ТУРЦИЈА: Кромидот ќе му ги помати сметките на Ердоган!?
СВЕТ

ИЗБОРНА ДРАМА ВО ТУРЦИЈА: Кромидот ќе му ги помати сметките на Ердоган!?

мај 9, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во недела, на 14 мај, во Турција ќе се одржи првиот круг од претседателските избори, а паралелно и парламентарните избори. Клучното прашање на овие избори е дали здружената опозиција и нивниот претседателски кандидат демократски ќе го урнат од власт автократскиот режим на Реџеп Таип Ердоган, човек кој се повеќе се однесува како да е апсолутен владетел на Турција, а не како избран политичар. Меѓу политичарите постои консензус дека останувањето на Ердоган на власт за Турција ќе го отвори прашањето дали демократскиот систем може да издржи предолго авторитарно владеење уште неколку години; Ердоган е претседател од 2014 година, а во периодот 2003-2014 година ја извршуваше функцијата премиер.

Откако во 2001 година ја основа Партијата на правдата и развојот, моќниот Ердоган доминира со своето влијание во сите аспекти на општествениот живот и во клучните турски институции. Продолжувањето на владеењето на Ердоган на претстојните избори може да има и пресудно глобално геополитичко влијание, со оглед на неговата блискост со Владимир Путин, што отвора непријатни стратешки безбедносни и економски прашања за Западот, бидејќи Турција, како земја со 86 милиони жители и непроценлива географска позиција, тешко е политички да се изолира во случај на натамошна радикализација на политиките на Ердоган.

Но, се чини дека турската опозиција овој пат – со екстремно висока инфлација и после страшниот земјотрес – на бран натрупани фрустрации има реални шанси да ја врати државата на демократските стандарди за какви што сонуваше таткото на модерната секуларна Турција, Кемал Ататурк.

За прв пат после долго време Ердоган не е попопуларен во изборната трка од неговиот главен конкурент.

Лидерот на опозицијата, Кемал Киличдароглу, според истражувањата на јавното мислење води со 3 до 5 процентни поени. Таа разлика беше поголема (12 процентни поени), но Ердоган успеа да ја намали со брутална пропаганда дека во случај на негов пораз никој нема да ја брани Турција од терористи, и според последните анкети ќе добие 45,4 отсто од гласовите, а Киличдароглу 48,1 отсто.

Со оглед на тоа дека турскиот електорат е претежно десно ориентиран – отприлика во сооднос 60 спрема 40 проценти – основното прашање е како да се победи Ердоган како мајстор за манипулација со десничарски фантазии со талент за водење и организација.

Пензионираниот (и наградуван) државен службеник, Киличдароглу, фокусот го стави на ново отворање на Турција, привлекување странски инвестиции и, што е најважно, запирање на инфлацијата и девалвацијата кои го убиваат стандардот на Турците.

Киличдароглу, кој претставува шест важни турски партии, во јавниот настап за свој главен сојузник го избра обичниот жолт кромид; седна на маса во кујна со засукани ракави и на сонародниците држејќи кромид во рака им порача: „Ова е вистинската агенда за нашите граѓани. Тие знаат дека кога ќе дојдам на власт, ќе дојде демократијата, ќе течат пари, ќе течат инвестиции, лирата ќе ја врати својата вредност, ќе дојде просперитет… Но, ако тој (Ердоган) остане, овој кромид во моите раце ќе чини 100 лири. Сега е дури 30 лири.“

Турците знаат дека во последната година и пол кромидот во Анкара поскапи за пет пати.

Спротивно на тоа, Ердоган се обидува да се претстави како голем лидер во „турскиот век“. Снимен е, на пример, во поморска база како повикува на зајакнување на турската моќ и влијание со пуштање во употреба на нов воен брод.

Со оглед на тоа дека игра на адутите на воена сила, моќ, доминација… се поставуваат прашања дали моќникот кој 20 години ја тресе Турција ќе го признае евентуалниот пораз или ќе пронајде некој друг, недемократски излез.

Претстојните избори се најголемиот предизвик за Ердоган од 2003 година.

Иако на непристрасните набљудувачи им е јасно дека Турција копнее за политичка и макроекономска стабилизација, на турските избори, сосем сигурно, никој нема да победи користејќи чисто рационални аргументи.

Автократскиот стил на Ердоган комбиниран со ароганција ја доведе Турција на раб на економска нестабилност која лесно може да прерасне во сериозна социјална драма, па дури и хаос.

Турција е огромна и робусна економија тешка околу 900 милијарди долари, бележи високи стапки на раст и тешко е да се дестабилизира, но нивниот дефицит на тековната сметка е блиску до рекордното ниво, додека девизните резерви на земјата се топат со голема брзина.

Со оглед на тоа дека Ердоган мислеше оти е најпаметниот Турчин, автократски ја искористи својата позиција и почна да диктира неортодоксна „стимулативна“ монетарна политика, што се покажа како еден од најглупавите „експерименти“ во светската монетарна историја.

Неговото противење на неопходното зголемување на каматните стапки од страна на централната банка и го отвори патот на инфлацијата која во април изнесуваше 43,7 отсто. Малку е смешно, но власта се фали дека таа е во надолен тренд.

Подобро инфлација од 43 отколку од 80 проценти, но континуитетот на разорниот двоцифрен раст на цените во подолг период секако крие потенцијал за насилни политички промени.

Инсистирањето на Ердоган на одржување ниски каматни стапки го стави под притисок и курсот на лирата, што пак значително ја подигна цената на странските заеми.

Се разбира, еден од пресудните фактори за изборната битка во Турција може да биде влијанието на земјотресот во кој загинаа повеќе од 50.000 луѓе, но и детали како што е убедливоста на 69-годишниот Ердоган, кој во еден момент мораше да ја прекине кампањата поради наводни стомачни проблеми.

Освен што го велича растот на турската воена моќ и им се заканува на сонародниците дека никој нема да ги брани од терористи доколку ги загуби изборите, Ердоган најавува дека неговиот пораз би значел клекнување пред западните инвеститори, кревање раце пред ММФ и влез на ЛБГТ правата на голема врата, што на многу негови гласачи им е незамисливо.

Актуелниот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, вели дека овие избори се „обид за политички удар“ на Западот.

Доколку Ердоган повторно победи на претседателските избори, неговата моќ над турските институции би можела да стане слична на онаа на султанот, а на тој пат најголема пречка, се чини, му е обичен кромид.

Кој ќе плаче кога тој кромид ќе се излупи и исечка? Одговорот на ова прашање ќе го добиеме мошне скоро.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Адем Алтан / АФП )

актуелно Анкара избори Кемал Ататурк Реџеп Таип Ердоган турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.