Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ИЗГЛАСАНА РЕЗОЛУЦИЈА: ОН бара итно повлекување на руските војници од Украина
СВЕТ

ИЗГЛАСАНА РЕЗОЛУЦИЈА: ОН бара итно повлекување на руските војници од Украина

февруари 24, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Генералното собрание на Обединетите нации, вчера, изгласа резолуција со која се бара итно повлекување на руските војници од Украина и прекин на воените дејствија, со која што, на ден пред првата годишнина од агресијата, испрати силна порака за изолација на Русија на меѓународната сцена.

За резолуцијата која повикува на „сеопфатен, праведен и траен мир“ гласаа 141 земја, 32 беа воздржани, а шест ѝ се придружија на Русија гласајќи „против“.

Со тоа, Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја изолираше Русија, донесувајќи ја резолуцијата непосредно пред годишнината од инвазијата што ја започна на 24 февруари 2022 година.

Текстот е изгласан само еден ден по посетата на шефот на кинеската дипломатија на Москва, каде што вети подлабоко партнерство со Русија.

Кина се воздржа од гласањето, што е четврти пат да постапува на ваков начин, откако Русија ја започна својата агресија над Украина.

Против резолуцијата гласаа Белорусија, Северна Кореја, Сирија, Мали, Еритреја и Никарагва.

Воздржани, освен Кина, беа Индија, Алжир, Јужна Африка, Етиопија, Иран, Казахстан, Узбекистан, Виетнам и Пакистан, и уште 22 други земји.

Резолуцијата е изгласана на првиот ден од дводневното заседавање, откако претходно на Генералното собрание се обратија десетици високи функционери, меѓу кои американскиот државен секретар, Антони Блинкен, британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли и германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок.

Силниот резултат од гласањето е важен бидејќи ги побива сомнежите дека има замор од војната и дека поддршката за Киев слабее во некои делови од светот, посебно оние кои зависат од руските енергетски резерви.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во средата ја обвини Москва дека извршила насилно депортирање на украински деца во Русија, нарекувајќи го тоа „геноцид“.

Рускиот амбасадор во ОН ги обвини Германија и Западот дека во конфликтот во Украина имаат мотиви слични на оние во Втората светска војна.

„Германските тенкови повторно ќе убиваат Руси“, рече тој, мислејќи на главните борбени тенкови „Леопард“ од германско производство што неколку европски земји ветија дека ќе ги испратат во Киев.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, кој во сабота патува во Индија со цел да ја добие поддршката од земјата за Украина, во интервју рече дека воопшто не обесхрабруваат знаците дека големите економии во развој се двоумат да ја осудат руската агресија и заклучи дека „само неколку земји се на страната на Русија“.

Последниве месеци многу се разговараше за тоа колку далеку треба да оди резолуцијата на ОН по повод годишнината од војната. Киев работеше на резолуции во кои се споменува Трибуналот за воени злосторства, како и на текст што ќе го претвори мировниот план од 10 чекори на украинскиот претседател Володимир Зеленски во документ на ОН, според извори од ОН. И од двете идеи се отстапи.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП / Тимоти А. Клери)

актуелно војна инвазија Обединети Нации резолуција русија Украина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.