Истражниот суд во Багдад соопшти дека издал налог за апсење на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, врз основа на членот 406 од ирачкиот Кривичен законик.
Ирачкото правосудство донесе одлука за издавање налог за апсење на Трамп за вмешаност во атентат на генералот Касем Солејмани и заменикот командант на шиитските сили Хасид ал-Схаби Абу Махди ал-Мухандис, јавува Агенцијата Анадолу (АА).
Генералот Солејмани е убиен на 3 јануари минатата година во воздушен напад којшто силите на Соединетите Американски Држави го извеле во Багдад.
Властите на Ирак веднаш по нападот спроведоа истрага.







