Утринава, кај Кадина река, се излизга од шините еден од трите вагони на патничкиот воз што сообраќал од Гевгелија за Скопје. Во инцидентот нема повредени.
Инцидентот се случил кога возот од железничката станица „Кадина река“ тргнувал кон Скопје.
Од шините излизгал вториот од трите вагони.
„Екипа е веќе упатена кон местото на настанот со железничко возило. Се очекува во најкус рок да бидат отстранети последиците од вонредниот настан и воспоставување на железничкиот сообраќај“, соопштија од Македонски железници.
Поради инцидентот железничкиот сообраќај од Битола и Велес за Скопје и обратно е во прекин.
(Фото: „Фактор.мк“ / илустрација)