Израелската полиција соопшти вчера дека уапсила шест лица за да ги распраша во врска со корупција при склучување договори за купување подморници за израелската морнарица од германската компанија „Тисен-Круп“.
Полицијата не соопштува повеќе детали, меѓутоа израелскиот весник „Хаарек“ објави дека е уапсен и поранешниот висок функционер во канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, Давид Шарн, како и неколку морнарички офицери, пренесеува АФП.
Израелското Министерство за правда во февруари покрена истрага за тој случај и наведе дека Нетанјаху не е меѓу осомничените.
Во јули Германија го одложи потпишувањето на договорот со Израел за купување на три подморници, затоа што истрагата за корупција доби на сила, изјавил еден израелски функционер.
После тоа следеше апсење на неколку лица поради сомневање дека нуделе мито и за перење пари за склучување договор за купување на Делфин подморници од германскиот индустриски гигант.
Роднината на Нетанјаху, Давид Шимрон и неговиот семеен адвокат кои го претставуваат „Тисен Круп“ во Израел, испрашувани се во јули по повод тој случај и се ослободени.
Израелски официјални лица наведуваат дека Германија не се повлекла од спогодбата, но дека чека да види што ќе се случи со истрагата, напиша вчера израелскиот весник „Једиот Ахаронот“.







