Лидерите на САД, Велика Британија, Франција и Германија се очекува вечерва преку видео врска да разговараат за ситуацијата во Израел и на палестинските територии.
„САД, Британија, Франција и Германија се согласуваат дека ова не смее да стане пожар во регионот. Затоа никој не треба да продолжи да поттикнува терор во оваа ситуација“, изјави Шолц за новинарите во Хамбург.

Во Хамбург беше и францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше поканет на заедничката средба на владите на двете земји.
Макрон ја изрази својата „целосна солидарност“ со израелскиот народ и рече дека вчераутро повторно разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Германија и Франција стојат до израелскиот народ во овој трагичен момент. Борбата против тероризмот е заедничка цел по која ќе продолжиме да одиме со Израел и нашите сојузници. Тероризмот ништо не го оправдува, ништо не го објаснува“
Емануел Макрон
Кабинетот на францускиот претседател подоцна објави дека италијанската премиерка Џорџија Мелони исто така ќе се придружи на поканата како дел од таканаречената „квинта“, неформална група која ја сочинуваат Америка, Велика Британија, Франција, Германија и Италија.







