„Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи: успешно избереме претседател на државата и секако да избереме претседател кој ќе не води напред, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на
избирачкото место 1730 во Струмица, каде гласаше заедно со сопругата Зорица.
Повика сите да покажат сериозна зрелост ако демонстрираат демократичност во изборот.
„Ако изборите бидат успешни, ако го одржиме единството во нашата земја, силно чекориме напред кон современиот свет каде што припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија, истакна премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Подвлече дека на изборите излегол како одговорен граѓанин и гласал.
Смета дека секој ваков ден е убав и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин носат важни одлуки за својата земја.
„Гласањето е чест, право и граѓанска должност. Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат претседател на Република Северна Македонија, рече на крајот претседателот на владата и на владеачката партија, Зоран Заев во изјавата за медиумите по гласањето во Струмица.







