Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Илија Димовски претседател на Комисијата за прашања за избори и именување?
Македонија

Илија Димовски претседател на Комисијата за прашања за избори и именување?

март 23, 2017Updated:март 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По тридневни натегања во Собранието на координацијата меѓу пратеничките групи, договорено e претседателското место во Комисијата за прашања за избори и именување да го има ВМРО-ДПМНЕ.

На чело на Комисијата најверојатно ќе биде Илија Димовски.

Со ова е одблокиран процесот за продолжување на конститутивната седница на Собранието, која е закажана за в понеделник, кога треба да се избере собранискиот спикер.

Денеска на координативната средба меѓу партиите за формирање на Комисијата, СДСМ отстапи од своето барање претседател на Комиисијата да биде од парламентарното мнозинство со што беше удоволено барањетона ВМРО-ДПМНЕ претседателот да биде од партијата која има најмногу паретници во Собранието.

„Постигна е согласност за членовите и претседателот на Комисијата. Прифативме претседател да биде член од ВМРО-ДПМНЕ за да се откочат институциите, за да не бидат граѓаните заложници на ниеден политичар и политичка партија“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Претседателското место во Комисијата кое што го доби ВМРО-ДПМНЕ и шесте членови во Комисијата, како што вели Илија Димовски, не биле добар гест од страна на СДСМ, туку се правила и пракса која што во Собранието функционира 25 години.

„Во понеделник единствена точка по која Собранието ќе расправа и одлучува е изборот на составот на Комисијата за прашања на избори и именувања. Потоа според процедурата треба да се свика заседание на Комисијата за прашање и именувања, таму да се разгледаат еден, два три, десет или сто, предлози за претседател на Собранието и утврдениот предлог од Комисијата да се достави до претседавачот на конститутивната седница, и тогаш тој ќе може да свика седница за избор на претседател на Собранието“, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој не одговори на прашањето дали како партија тие ќе имаат свој предлог за претседател на Собранието.

Партиите три дена преговараа за претседател на Комисијата за избори и именување до која се доставуваат предлозите на партиите за претседател на Собранието кој треба да биде избран на конститутивната седница.

Во понеделникот партиите се договорија Комисијата да биде составена од 13 членови, ВМРО-ДПМНЕ да има 6, СДСМ 5, а ДУИ и Беса по еден член.

 

 

вмро-дпмне избори Илија Димовски Комисија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.