Околу 17.30 часот, началникот на обезбедувањето на Собранието на Република Македонија пријавил во полиција дека во ходникот на првиот кат во законодавниот дом пронјдена е импровизирана експлозивна направа.
Според неофицијалните информации, направата е петрада со фитил кој бил врзан на голема плинска боца за полнење на запалки.
Од МВР потврдуваат дека е пронајдена таква направа и дека се работи на целосно расчистување на случајот.







