Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Им престана мандатот на помошниците на Јанева, ќе бидат распределени во ОЈО од кои дошле
Македонија

Им престана мандатот на помошниците на Јанева, ќе бидат распределени во ОЈО од кои дошле

септември 16, 2019Updated:септември 16, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Советот на јавни обвинители денеска на вонредната седница, која беше продолжение на таа од саботата на која се одлучуваше за разрешувањето на Катица Јанева, донесе одлука за престанок на мандатот на обвинителите во Специјалното јавно обвинителство и нивно прераспределување во обвинителствата од кои претходно дошле.

Како што информира денеска на прес-конференција претседателот на Советот, Ацо Колевски, престанокот на нивниот мандат е согласно членот 9, став четири од Законот за СЈО.

Колевски истакна дека Советот констатирал престанокот на статусот на помошник-обвинители на Јанева и оти на обвинителите Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Артан Ајро, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Стефчо Донев, Трајче Пеливанов и Елизабета Јософовска им престанува функцијата во СЈО.

Тој посочи дека одлуката стапува во сила од денеска.

Согласно денешната одлука Бурим Рустеми се враќа во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар, Љубомир Лапе во ОЈО Куманово, Стевчо Донев во ОЈО Кочани, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро се враќаат во ОЈО Скопје, а за Лиле Стефановска е донесена одлука за престанок на мандатот во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и таа се враќа ОЈО Радовиш.

За тоа што ќе се случува со предметите на СЈО, Колевски посочи дека тоа спаѓа во надлежноста на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, за кој рече дека има право определен предмет да распределува на други јавни обвинители.

„Временото упатување е една работа. Тоа ќе дојде на дневен ред отпосле, меѓутоа во овој момент зборувам за доделување на конкретни предмети за работа на конкретни јавни обвинители. Тоа право го има согласно Закон за јавно обвинителство и тоа може да биде засега привремено решение во однос на постапување, а во догледно време со проширување на бројот на јавнообвинителски места во ОЈО за гонење на организиран
криминал и корупција ќе се донесе соодветна одлука“, изјави Колевски.

Во однос на одредбата од Законот за СЈО со која обвинителите треба да се вратат во обвинителства каде имаат слични примања, Колевски рече Законот за СЈО се уште е во правна сила и од тие причини не може да се примени одредбата за нивно распоредување според споредливи лични примања.

Тој посочи дека државниот јавен обвинител Љубомир Јовески не учествувал на денешната седница на Советот, бидејќи тој бил исклучен во однос на разрешувањето на Катица Јанева од специјален јавен обвинител, поради судир на интереси затоа што пред ОЈО е поведена и кривична постапка против неа.

„Ние немаме право да се мешаме во неговата работа, но доколку се укаже некаква потреба ние сме на располагање да помогнеме полесно да се реши проблемот. Јовески е член и ќе побараме да го извести Советот за ситуацијата со примопредавањето на предметите и со јавните обвинители, кои што планира да им ги додели на работа“, изјави Колевски.

За статусот на останатите вработени во СЈО, Колевски рече дека тоа прашање е во домен на Министерството за правда.

Тимот на Јанева, избран во октомври 2015 година го сочинуваа обвинителите Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Артан Ајро, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Љубомир Лапе, Стефчо Донев, Трајче Пеливанов и Елизабета Јософовска.

На почетокот на 2016 година, иако првично избрано, Јанева побара да бидат отстранети обвинителките Марија Ѓоргева и Лејла Кадриу.

актуелно Јанева мандат ОЈО помошници распределба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.