Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Иницијатива за измени на ЗКП за спречување на одолговлекувањето на судските постапки
Хроника

Иницијатива за измени на ЗКП за спречување на одолговлекувањето на судските постапки

декември 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Туфегџиќ поднесе иницијатива до надлежните институции за измени и дополнување на Законот за кривична постапка, со цел да се спречи непотребното одолговлекување на судските рочишта при промена на член на судечкиот совет, при што некои се враќаат и на почеток.

Со оваа иницијатива судиите на овој Суд, како што стои во соопштението, сакаат да придонесат измени со кои доследно ќе се почитуваат правата на странките во постапката, ефикасност во постапувањето, еднаквост на оружјата и почитување на правото за судење во разумен рок.

Судијата Туфегџиќ во иницијатива посочува на потребата од измени и дополнувања на членот 371 од Законот за кривичната постапка, во делот на продолжување на главната расправа, поради измена на составот на советот или судија поединец, сегашното законско решение наметнува обврска советот да може да одлучи определени сведоци и вештаци да не се сослушуваат повторно, туку да се прочитаат нивните искази внесени во записниците од поранешната главна расправа доколку постои согласност на странките.

„Имајќи ја предвид досегашната судска пракса, во смисла на примена на законските одредби од ЗКП, а кои се однесуваат на повторен почеток на главна расправа во случај на измена на составот на судечкиот совет, сметам дека Основниот кривичен суд треба да поднесе иницијатива за измена и дополнување на Законот за кривична постапка од причина што досегашната судска пракса покажала дека при промена на составот на судечкиот совет, продолжувањето на веќе започната кривична постапка во целост зависи од согласноста на странките, во однос на веќе изведените докази“, стои во иницијативата на судијата Туфегџиќ.

Имено, како што е наведено, во досегашното постапување во кривичните предмети пред Основниот кривичен суд, клучен фактор за одолговлекувањето на започнатите кривични постапки е токму изричната законска одредба од член 371 од ЗКП, која наметнува обврска на судечкиот совет да бара согласност од странките да се прочитаат веќе изведените материјални и вербални докази, а доколку таква согласност не биде дадена од странките во кривичната постапка, судечкиот совет во изменет состав мора одново да ги изведе сите докази.

Во иницијативата се предлага при промена на составот на судечкиот совет, започнатата кривична постапка непречено да продолжи откако на новите членови на постојниот судечки совет на нејавна седница ќе им бидат презентирани дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка, за што ќе се состави записник за одржана нејавна седница на судечкиот совет, притоа да се избришат законските решенија во оваа смисла кои предвидуваат изрична согласност на странките во кривичната постапка по однос на повторното изведување на веќе изведените докази.

„Во ваква правна ситуација, од процесен аспект, нејавната седница заради запознавање на новите членови на судечкиот совет со дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка, би ја закажал претседателот на судечкиот совет или судечкиот член на судечкиот совет, а доколку дојде до промена и на претседателот на судечкиот совет и судечкиот член на судечкиот совет, тогаш нејавна седница заради запознавање на новите судечки членови на советот, би ја иницирал претседателот на Кривичниот суд“, се наведува во иницијативата.

За кривични дела за кои согласно законот е предвидено постапување на судија поединец при промена на судија поединец во текот на кривичната постапка, нејавната седница заради запознавање со дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка, би ја иницирал претседателот на Кривичниот суд.

Според судијата Туфегџиќ, со имплементација на вакви измени во Законот за кривичната постапка, би се запазило начелото на економичност и ефикасност во судската постапка и воедно би се оневозможило злоупотреба која како крајна цел има одолговлекување на започнатите судски постапки особено во сложени кривични предмети со голем број на материјални и вербални докази.

Во иницијативата судијата укажува дека ваквите промени што тој ги предлага се на линија на арбитрарната улога на судечкиот совет во кривичната постапка, која врз основа на изведените докази предложени од странките во кривичната постапка треба да изгради сопствено мислење во однос на кривичното дело кое на обвинетите им се става на товар.

„Оттаму сметам дека доказите кои ги предлагаат странките во кривичната постапка се изведуваат со цел судот или судечкиот совет, да ги утврди решителните факти и врз основа на тоа да изгради мислење и донесе мериторна одлука, а не обратно и затоа е потребно да се интервенира со ново и целисходно законско решение кое ќе овозможи непречено водење на кривичните постапки“, се наведува во иницијативата на судијата Туфегџиќ.

актуелно зкп измени Иницијатива
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.