Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 86-та седница, на чиј дневен ред се 25 точки, меѓу кои и интерпелацијата за работата на министерот за
внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратеници од опозицијата.
Народните избраници ќе дебатираат и по Предлог-одлуката за испраќање припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, како и по повеќе закони од финансиската сфера.







