Интерпол и полициите на Белгија, Германија и Холандија ги повикаа граѓаните да пријават какви било информации кои би можеле да помогнат во расветлувањето на нерешени убиства на 22 жени.
„Она што им е заедничко е тоа што на ниедна не и го знаеме името и дека сите загинаа насилно“, рече Сузан Хитчин, координаторка на одделот за ДНК на Интерпол, во видео пораката насловена „Операција идентификувај ме“.
Жените се пронајдени во Белгија, Холандија и Германија, но можно е да потекнуваат од некои други земји, додаде таа.
Исто така е можно и тоа нивните тела да биле преместени за да биде попречена истрагата.
Најстариот случај е „Девојката на паркинг“, која ја пронашле планинари во Холандија. Вториот се однесува на жена која била пронајдена во резервоар за дождовница во градот Холсбек, на околу 40 километри од Брисел.
Операцијата е фокусирана на женски жртви, бидејќи „жените се натпросечно погодени од родово насилство како што се сексуални напади, криумчарење на луѓе и семејно насилство“, објасни Хитчин.
„Во слични истраги, откривањето на идентитетот на жртвата на крајот доведува до апсење на осомничените“, рече Ања Алендорф од германската полиција.
Хичин истакна дека целта на операцијата е да се допре до што е можно повеќе луѓе, така што некој меѓу жртвите може да препознае член на своето семејството, пријателка или колешка.







