Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Инцијативен одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Мицкоски и вонреден конгрес за избор на ново раководство
Македонија

Инцијативен одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ бара оставка на Мицкоски и вонреден конгрес за избор на ново раководство

август 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иницијативен одбор за промени во опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со барање за оставка на лидерот Христијан Мицкоски и за свикување вонреден конгрес, на кој ќе се избере новo раководство.

Денеска на прес-конференција пред седиштето на партијата тие ги изнесоа своите барања, при што напоменаа дека немаат конкретен предлог, туку дека преку вонредниот конгрес треба на демократски начин да им се даде можност да се кандидираат сите оние кои имаат аспирации да ја водат партијата.

На прес-конференцијата говореше досегашната пратеничка и членка на Извршниот одбор на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Весна Дамчевска Илиевска, а меѓу другите беше придружувана и од Ивица Конески, поранешен градоначалник на Аеродром.

„ВМРО ДПМНЕ има сила и знаење и капацитет да ја врати довербата на граѓаните затоа што граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е темелник кој секогаш бил на браникот на државните интереси. ВМРО-ДМНЕ има кадри и потенцијал, кои можат да понудат алтернатива да запре економскиот пустош, кој три години ја коси Македонија. Старо новата коалиција на Зоран Заев не е никаква гаранција дека граѓаните ќе живеат подобро. Напротив оваа власт ниту може подобро, ниту знае подобро. За жал, на оваа власт некој и овозможи таков луксуз да победи и да формира Влада. Тука не мислиме на оние 327.000 наши сограѓани кои гласаа за Зоран Заев. Тие не се виновни. Не се виновни ниту оние стотици илјади кои останаа дома и одлучија да апстинираат“, изјави Дамчевска Илиевска.

Одговорноста за тоа ја насочи кон лидерот на партијата, Мицкоски и неговите најблиски соработници.

„Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата и форсираше поделби наместо да ги обедини силите. Виновен е тој што не успеа да изгради и да заземе цврст став по ниту едно прашање. Одговорност за неуспесите мора да има. Кога еден тим губи не може да биде одговорна публиката на играчите кои биле оставени на клупа или домарот кој се грижи за соблекувалните. Одговорен е тој што го води
тимот, а тимот на ВМРО-ДПМНЕ го водеше господинот Хрисијан Мицковски, претседателот и неговите најблиски соработници“, рече Дамчевска Илиевска.

Потсети дека Мицкоски како претседател на партијата ги загубил претседателските избори одржани во 2019 година и локалните избори во Охрид и Ново село.

„ВМРО-ДПМНЕ со Христијан Мицкоски како претседтел за кандидат на овие избори излезе со програма и кандидати за пратеници кои не успеја да обезбедат поддршка од граѓаните. Кадрите на Мицкоски и во техничката влада не успеаја да се наметнат како лица кои на граѓаните ќе и покажат нов и различен начин на водење на институциите и ќе одговорат на предизвиците со кои беа соочени. Вината повторно може да се префрла, но вистината е една, вистината е дека најдоговорен е тој што го состави тимот, а тоа е господинот претседател Христијан Мицкоски“, додаде таа.

Потсети дека во интервју минатата година Мицкоски изјавил дека ќе поднесе остава доколку ги загуби изборите и не успее да формира влада.

„Изборите ги загуби, а не успеа ниту да формира влада. Останува само да ја сочува честа и достоинството да си го испочитува зборот даден и да се повлече оставајќи го членството на партијата да избере нов претседател, кој ќе не поведе во нови победи“, изјави Дамчевска Илиевска.

Таа нагласи дека доколку Мицкоски не свика вонреден конгрес, тие како иницијативен одбор ќе преземат чекори за закажување на конгресот.

На прашањето дали е во контакт со Сашо Мијалков, таа одговори дека нема лични контакти, но дека се среќава со него, понекогаш случајно, понекогаш по потребна, бидеќи и тој е член на партијата.

актуелно вмро-дпмне инцијативен одбор мицкоски Оставка промени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.