Ирански патнички авион денеска се сруши на југот од земјата, јавуваат светските медиуми.
Авионот АТР-72, кој летал од Техеран до Јасуџ се срушил во планинскиот регион Самир со 66 патници во него.
Известени се сите служби за помош, а според гувернерот на Самир спасувачките хеликоптери не може да се спуштат до местото на несреќата заради густата магла, додека спасувачките екипи се обидуваат да стигнат по копно.







