Максимална метео тревога, виолетова, издадена е повторно на карипските острови Свети Мартин и Свети Вартоломеј овој пат поради доаѓањето на ураганот Хосе, бура од четврта категорија, соопшти француската метеоролошка служба.
Локалните власти на тие острови кои се наоѓаат под територија на Франција, го повикаа населението да не излегува од своите домови. Забрането е движењето пеш или со автомобили дури и со закана за казна, иако пожарникарите и останатите служби за пружање итна медицинска помош се во подготвеност.
Ураганот треба да помине покрај тие острови на оддалеченост од околу 100 километри. Метеоролозите процениле дека Хосе ќе има придружни ветрови чија брзина би била од 100 до 120 килетри на час.
Француската влада соопшти дека испраќа дополнително неколку стотици војници и полицајци да воспостават ред на карипскиот остров Свети Мартин каде што владеат грабежи после налетот на ураганот Ирма.
Премиерот Едуар Филип изјави дека ќе бидат упатени единици од Легија на странци, падобранци и други сили за безбедност. На Свети Мартин веќе се наоѓаат неколку стотици жандарми, војници и други единици. После налетот на Ирма уништен е еден затвор и од него избегаа околу 250 затвореници избегаа.
Непосредно после поминувањето на Ирма жителите на карипските острови почнаа со подготовка за доаѓањето на новата бура Хосе, кој тогаш достигнувала силина на ветрот од 250 килетри на час и така речиси ја достигна силината на категоријата – 5, односно најголема кога се во прашање ураганите.
На рутата на Хосе се островите кои Ирма речиси во потполност ги уништи – Сент Мартин, Сент Барт, Барбуда, Ангвили. Безмалку целата популација на островот Барбуда, која брои 1.400 жители е евакуирана на островот Антигва. Само неколку лица одлучиле да останат на Барбуда, пренесува тамошната метеоролошка служба.
После разорниот земјотрес Мексико се подготвува за удар на Катја кој на западниот брег на таа земја донесува силен ветер и поплави. Силниот ветер и обилен дожд го зафатија брегот северно од градот Теколутла, во државата Веракруз. Бурата се заканува да сруши уште повеќе куќи, веќе оштетени во земјотресот.
Во Веракруз се направени засолништа, а жителите се вовикани да не одат надвор и да не се обидуваат да ги преминуваат надојдените реки.
Гувернерот на мексиканската држава Веракруз, Мигел Анхел Хунес, изјави дека две лица загинаа во свлечиште, додавајќи дека, засега, нема други пријави за катастрофални последици од ураганот, иако напомена дека некои реки речиси се излеале од коритата. Тој, исто така, наведе дека 2.886 луѓе се евакуирани од своите домови шурум таа држава.
Министерството за внатрешни работи на соседната Пуебла превентивно евакуирало 1.500 луѓе во засолништа, но соопшти дека нема пријави за сериозна нанесена штета ниту за жртви.
Овој планински регион, кој силната бура го прекри со обилен дожд, има историски катастрофални поплави и свлечишта, потсетува американската агенција АП.
Добра вест е дека Катја повеќе не е ураган од прва категорија туку дека е тропска бура.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека Катја со себе носи ветер чија брзина од 120 километри на час.













