Драма со бомби, повредени фудбалери, одложување на натпревар… – низ сето тоа, а веројатно и низ уште многу други проблеми, минува вечерва Борусија од Дортмунд.
Сепак, и покрај сите проблеми управата на германскиот клуб не заборави на една многу важна работа – човечноста.
На сите официјални профили на социјалните мрежи повикаа за сместување на гостинските навивачи.
Управата на Борусија ги повика своите приврзаници да им помогнат на навивачите на Монако да пронајдат сместување. Фановите на гостинската екипа допатувале од цела Франција и од други делови од светот, но со оглед на одлагањето на одигрувањето на средбата веројатно ќе имаат проблем со пронаоѓање на сместување во текот на ноќта.
Одзивот на социјалните мрежи е голем, така што веројатно голем број навивачи на Монако ќе пронајдат времено решение до натпреварот, а со оглед на сето ова речиси е извесно дека ќе има и заедничко навивање на „Сигнал паркот“.
Така тоа го прават големите клубови.







