Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Истекува рокот за пријавување на повикот за учесници на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование
Македонија

Истекува рокот за пријавување на повикот за учесници на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

февруари 20, 2023Updated:февруари 20, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование ќе биде организирана во духот на демократските политички вредности, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. Во таа насока, Школата ќе настојува да ги поврзе учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството, во рамки на пет едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство.

Учесниците на Школата за политики за 2023 година ќе имаат можност да:

‒ ги унапредат своите знаења на темите демократија, одржлив развој, евроинтеграции и комуникации, притоа разбирајќи го процесот на креирање политики;
‒ следат предавања и интерактивни работилници од врвни домашни и меѓународни експерти;
‒ работат индивидуално и во групи со истакнати поединци – нивни врсници од општествениот и политичкиот живот во државата;
‒ ги зајакнат своите комуникациски, лидерски и меки вештини;
‒ имаат пристап до актуелна литература на темите и да следат општествени дебати на истите;
‒ остварат значајни контакти и да се вмрежат со експерти од областите кои ги опфаќа Школата.

Школата ќе се одржи во периодот од март до ноември 2023 година, за време на викендите. Присуството на сите пет едукативни семинари е задолжително. Учесниците кои ќе ја завршат Школата ќе се стекнат со сертификат.

Услови за учество:

‒ возраст од 21 ‒ 35 години;
‒ државјанство на Република Северна Македонија;
‒ работно познавање на англиски јазик, познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност;
‒ истакнато учество во општествениот и/или политичкиот и/или економскиот живот во државата, поттикнувајќи позитивни промени;
‒ солидни познавања на општествената терминологија;
‒ работното искуство ќе се смета за предност.

Потребни документи за апликација:

‒ Пријава која може да се симне на следниот линк;
‒ Биографија во облик на Europass CV;
‒ Две препораки од професори/работодавачи/ соработници, релевантни за тематиката на Школата;
‒ Есеј на англиски јазик на зададена тема по избор: 1. „Мојот придонес за позитивни промени во нашата држава“ или 2. „Мојата визија за демократскиот развој на Северна Македонија“.

Повеќе информации за Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование се достапни на следниот линк.

Селектираните кандидати може да бидат повикани на усно интервју, кое би се одржало во живо или онлајн, зависно од моменталната здравствена ситуација во државата во време на пандемија со COVID-19.

Како услов за учество на Школата за политики за 2023 година, избраните кандидати за учесници на Школата ќе потпишат изјава за задолжително присуство на сите последователни едукативни семинари, согласно Годишната програма за работа на Претседателскиот центар за политичко образование за 2023 година.

Целосната апликација треба да се испрати најдоцна до 22 февруари 2023 година на l.matevska@president.mk.

За повеќе информации за Школата за политики за 2023 година, Ве молиме погледнете го документот со „Често поставувани прашања“ во прилог.

Претседателскиот центар за политичко образование цели да организира инклузивни и пристапни настани кои ќе овозможат сите учесници, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, целосно да учествуваат. Доколку имате потреба од повеќе информации за пристапноста на настаните или апликацијата, можете да нѐ контактирате на l.matevska@president.mk.

Право на учество ќе имаат пријавените кандидати кои ги исполнуваат наведените услови и ќе достават целосна и навремена апликација.

Трошоците за семинарите и за хотелското сместување при Школата за политики за 2023 година ќе бидат покриени од страна на Претседателскиот центар за политичко образование и партнерските организации. Едукативните семинари ќе бидат одржани во согласност со протоколите за работа во време на пандемија со COVID-19, изготвени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата на Република Северна Македонија.

 

 

ФОТО: МИА

актуелно политки учесници школа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.