Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ИСТОРИСКА ПРЕСУДА: Трамп дивееше по изрекувањето дека е виновен по сите 34 точки од обвинението
СВЕТ

ИСТОРИСКА ПРЕСУДА: Трамп дивееше по изрекувањето дека е виновен по сите 34 точки од обвинението

мај 31, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поротата составена од седум мажи и пет жени вчера го прогласи за виновен поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги.

По излегувањето од судницата, пишува „Гардијан“, Трамп изјавил дека „вистинската пресуда ќе дојде на 5 ноември“ и дека ќе ја донесе „американскиот народ“.

Додал дека судењето било „наместено“ и „срамно“.

„Народот знае што се случи овде“, тврди поранешниот американски претседател.

Трамп навел дека тој е „многу невин“ човек кој „се бори за својата земја“ и за „нејзиниот устав“.

„Целата наша земја е наместена“, рекол Трамп и додал дека сегашниот претседател Џо Бајден и неговата администрација сакаат да му наштетат бидејќи тој е нивни политички противник.

„Ќе продолжиме да се бориме. Ќе се бориме до крај и ќе победиме бидејќи во спротивно нашата земја ќе оди во пеколот“, рече Трамп.

„Ова се уште не е готово“, додаде поранешниот американски претседател и го напушти судот.

Судијата Хуан Мерчан рече дека Трамп ќе ја дознае казната на 11 јули во 10 часот по средноевропско време.

Адвокатот на Трамп, Тод Бланш, побара од судијата Мерчан казната на неговиот клиент да ја изрече во средината или крајот на јули, затоа што адвокатите на поранешниот американски претседател сега мора да се фокусираат на други постапки кои се водат против него, пример она заради отуѓување и чување на доверливи документи во судот во федералната држава Флорида.

Нему му се прети максимална казна од четири години затвор, иако другите осудени за тоа дело често добиваат помали казни, парична или условна.

Евентуалната затворска казна нема да го спречи да води кампања или да ја преземе функција доколку победи, се вели во текстот на Ројтерс.

Поротата за пресудата расправаше нешто помалку од 12 часа.

Се очекува Трамп да поднесе жалба на пресудата на судот во Њујорк.

Трамп е обвинет за 34 точки за фалсификување деловни досиеја како дел од обидот да се сокрие уплата од 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за наводната афера пред претседателските избори во 2016 година.

Мајкл Коен, поранеше адвокат на Трамп, кој наводно и ги исплатил парите на Даниелс, пред судот изјави дека го информирал својот клиент за исплатата.

Адвокатите на Трамп го претставија Коен како осуден криминалец и лажго, потсетувајќи на неговото време поминато во затвор за даночна измама и лажење на Конгресот.

Приказната на Коен во голема мера се совпаѓа со сведочењето на Даниелс и Дејвид Пекер, уредник на таблоид кој рече дека соработувал со Трамп и Коен за да го спречи негативното известување на Трамп за време на републиканската трка за Белата куќа.

За време на судењето, адвокатот на Трамп ја доведе во прашање лојалноста на Коен кон Трамп, а потоа и кон обвинителството, настојувајќи да им покаже на поротниците дека Коен е себичен и подготвен да вложи големи напори за да ги постигне своите цели.

Трамп е првиот американски претседател, поранешен или сегашен, кој е кривично гонет.

Пресудата, како што се истакнува, ги турка Соединетите Американски Држави во непознати води непосредно пред претседателските избори на 5 ноември, кога Трамп, републиканскиот кандидат, ќе се обиде да ја врати Белата куќа од демократскиот претседател Џо Бајден.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Трамп и Бајден се во тесна трка, а истражувањето на Ројтерс/Ипсос покажа дека каква било осудителна пресуда за Трамп може да го чини поддршка од независните и републиканските гласачи.

 

 

Кандидатура за претседател

Се поставува прашањето дали Трамп може да се кандидира за претседател?

Одговорот е – Да!

Американскиот устав предвидува релативно малку услови за претседателските кандидати – тие да имаат најмалку 35 години, мора да се државјани на САД по раѓање и да живеат во САД најмалку 14 години.

Не постојат правила кои ги блокираат кандидатите со казнени досиеја.

Но, оваа пресуда сепак може да влијае на претседателските избори во ноември.

Анкетата на „Блумберг“и „Морнинг Консалт“ покажа дека 53% од гласачите во клучните сојузни држави би одбиле да гласаат за Трамп доколку тој биде осуден. А, според друга анкета, спроведена овој месец од Универзитетот „Квинипијак“, 6% од гласачите на Трамп веројатно не би гласале за него доколку биде прогласен за виновен.

Што ќе се случи сега со Трамп?

Додека траеше судењето, Трамп беше на слобода со кауција, а тоа не се промени ниту вчера, по читањето на пресудата.

Поранешниот американски претседател ќе се врати на суд на 11 јули – за кога судијата Хуан Мерчан го закажа изрекувањето на пресудата. Тој, притоа, ќе мора да земе предвид неколку фактори, вклучувајќи ја и возраста на Трамп. Казната би можела да биде парична, условна, во форма на надзор или евентуално затвор.

Трамп, кој пресудата ја нарече „срамна“, најверојатно ќе се жали на истата, а тој процес би можел да трае со месеци, па дури и подолго.

Неговиот правен тим ќе се соочи со Жалбениот оддел во Менхетен, а можеби и со повисокиот, Апелациониот суд. Се претпоставува дека Трамп и за време на жалбениот процес ќе остане на слобода со кауција.

Кои би биле основите за жалба?

Една од причините може да биде исказот на ѕвездата од филмовите за возрасни, Сторми Даниелс, чија наводна сексуална врска со Трамп беше во средиштето на случајот.

„Деталите што г-ѓа Даниелс ги изнесе во јавноста впрочем не се нужни за оваа приказна. Од една страна, тие ја прават веродостојна, а од друга страна, ако се премине таа граница, тие би можеле да станат ирелевантни и штетни“, вели Ана Комински, професорка на Правниот факултет во Њујорк.

Одбраната на Трамп двапати бараше поништување на судењето за време на сведочењето на Сторми Даниелс, но судијата тоа го одби.

Но, окружниот обвинител во овој случај има нова правна стратегија, која, исто така, може да обезбеди силна основа за жалба. Фалсификувањето деловна документација може да биде прекршок од ниско ниво во Њујорк, но Трамп се соочува и со посериозно обвинение за друго кривично дело, наводен незаконски обид да се влијае на изборите во 2016 година.

Обвинителите тврдеа дека на овој конкретен случај се однесуваат кршењата на федералните и државните изборни закони, заедно со даночната измама, но поротата не прецизираше јасно кој од наведените факти е прекршен, пишува Би-Би-Си.

Правните експерти велат дека има прашања околу опсегот и примената на федералниот закон што би можеле да бидат основа за жалба.

Државниот обвинител никогаш досега не се повикал на необвинетиот федерален криминал, а исто така се поставува прашањето дали окружниот обвинител на Менхетен имал јурисдикција да го стори тоа.

Дали Трамп може да заврши во затвор?

Тоа е можно, иако е многу малку веројатно.

Сите 34 обвинувања со кои се соочи поранешниот американски претседател се всушност казнени дела од таканаречена Е класа во Њујорк, што значи дека се на најниско ниво во државата. Секое обвинение носи максимална казна од четири години.

Постојат неколку причини зошто судијата Мерчан може да избере полесна казна, а тоа се возраста на Трамп, неговата неосудуваност и фактот дека обвиненијата вклучуваат ненасилно злосторство.

Тој веројатно би можел да размисли за кршењето на судските наредби од страна на Трамп за време на судењето.

А, тука е и прашањето за практичноста, бидејќи Трамп, како и сите поранешни претседатели, има право на доживотна заштита на Тајната служба, што значи дека агентите би морале да го штитат дури и во затвор.

„Би било исклучително тешко да се води затворски систем со поранешниот претседател како затвореник.

Покрај тоа што е огромен безбедносен ризик, тоа би било и неверојатно скапо. А, со Трамп би било вистинско шоу… Ниту еден управител не би го дозволил тоа“, вели Џастин Паперни, директор на затворската консултантска компанија „Вајт Колар Адвајс“.

Може ли Трамп воопшто да гласа?

Веројатно ќе може. Според законот на Флорида, каде што Трамп е пријавен, лице со пресуда за кривично дело од друга сојузна држава нема право да гласа само ако осудата би го направила лицето неподобно за гласање во државата во која е осудено. Трамп е осуден во Њујорк, каде на криминалците им е дозволено да гласаат се додека не се во затвор.

Може ли Трамп да се помилува себеси?

Не. Претседателите можат да дадат помилувања за оние кои извршиле федерални прекршоци. Случајот за проневера на пари во Њујорк е државна работа, што значи дека ќе биде надвор од опсегот на Трамп доколку тој повторно стане претседател.

Овластувањата за помилување не се јасни кога станува збор за двата федерални случаи на Трамп – едниот кој се однесува на наводната злоупотреба на доверливи документи, а другиот на заговор да се поништат изборите.

Двете судења се одложени на неодредено време и веројатно ниту едно нема да заврши пред изборите во ноември.

Дури и да се случи тоа, експертите по уставно право не се согласуваат околу тоа дали овластувањето на претседателот да помилува го вклучува и него самиот. Трамп би можел прв да се обиде да оди во таа насока.

актуелно Америка Доналд Трамп обвинение пресуда
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.