Стотици училишта ширум Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, се затворени денеска, додека надлежните ги повикуваат граѓаните да се евакуираат од руралните делови каде беснеат шумски пожари.
Повеќе од 50 пожари се активни во Нов Јужен Велс, а според најавите на надлежните, денес се предвидени „катастрофални“ услови погодни за ширење пожари, наведува во својот извештај Би-Би-Си.
Се очекува дека огнот брзо ќе се шири заради високите температури и силниот ветер, што би можело да ги загрози животите на луѓето што живеат во тие области.
Десетици илјади граѓани на Австралија се засолниле во засолниште откако властите предупредиле дека треба да ги напуштат домовите пред пожарите кои се жират на источниот брег.
На ширењето на пожарите им оди во прилог екстремно сушните временски услови во Нов Јужен Велс и Квинсленд, каде што во некои делови не заврнало дожд повеќе три години.
Во Сиднеј каде што живеат пет милиони луѓе, надлежните апелираат граѓаните да не излегуваат надвор затоа што градот бил прекриен со „ризичен“ чад.
Околу 600 училишта и колеџи ширум земјата се затворени.









