Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Истрагата за „27 април“ од извршителите се префрла на организаторите
Македонија

Истрагата за „27 април“ од извршителите се префрла на организаторите

февруари 22, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По завршните зборови на извршителите на настаните во Собранието на 27 април 2017 година, истрагата полека се префрла на организаторите, Н.Г. , Т.В., М.Ј., С.Р. и Н.Б, кои се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески  и обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера најавија дека може да има и проширување на истрагата доколку се обезбедат и други докази освен изјава на еден обвинет или на еден сведок.

Во истрагата, како што велат тие, не се користени ПИМ мерки, но истрагата е тајна и не можат да се презентираат докази.

Обвинителката Русковска апелираше да се почитува  начелото на презумпција на невиност и одговарајќи на новинарското прашање дали после амнестијата за пратениците процесот нема да биде селективен, потенцира дека во Законот за амнестија, не е амнестирано кривично дело, туку се амнестирани поединечни дејствија. Од тие причини, подвлече, не смета  дека Законот за амнестија би бил каква било пречка, а во него е наведено дека не важи за организатори.

„Осомничениот Н.Г, тогаш претседател на политичка партија заедно со уште двајца осомничени ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со другите обвинети С.Р и М.Ј за таа цел ја ставиле во функција целата партиска структура на таа политичка партија и материјални средства. Цело време течела координација помеѓу нив и градските, месните и општинските комитети и изборните единици, при што се давале насоки и се повикувало членството на масовни протести, а исто така и критичниот ден за масовност и влегување внатре во Собранието, појасни Русковска.

На прашање како ќе се обезбеди присуството на Н. Г. , таа напомена дека се работи веќе за истражна постапка и доказите ќе бидат испратени до судот, а тој поднесува барање за екстрадиција до Министерството за правда. Обвинителката Русковска очекува грчките надлежни власти позитивно да одговорат на барање за екстрадиција на осомничениот Н.Б..

Според неа, доколку не беа отворени собраниските врати немаше да се случи крвавиот настан на 27 април.

Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие ги дадоа завршните зборови пред Судот, по што се очекува Судечкиот совет да ја соопшти пресудата.

актуелно истрага настани собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.