Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Почина уште еден пациент заразен со западнонилска треска

септември 21, 2026

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА: „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ

септември 21, 2026

Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен почна

септември 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Почина уште еден пациент заразен со западнонилска треска
  • ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА: „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ
  • Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен почна
  • Трамп најави воен комплекс со дронови во Триумфалната капија
  • Мерц: И покрај катастрофалниот резултат за ЦДУ, останувам на функцијата
  • Цената на дизелот во Германија отиде „до таван“
  • Street Food Picnic втор пат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава
  • Трамп досега упати најсериозна закана до Европа поради Канада
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Истражување: Астероидот Рјугу содржел повеќе вода отколку што научниците сметаа дека е можно
Технологија

Истражување: Астероидот Рјугу содржел повеќе вода отколку што научниците сметаа дека е можно

септември 16, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Примероците собрани од астероидот Рјугу укажуваат дека тој во далечното минато содржел вода во многу поголеми количини, отколку што досега, научно, се сметаше дека е можно, што покажува дека слични вселенски тела можеби имале улога во „напојувањето“ на Земјата со вода, сметаат јапонски научници.

Потеклото на водата на нашата планета денес е по малку и мистериозно, во научна смисла. Блиските астероиди се посочувани како можен извор, но постојат сомнежи и дебати за тоа дали имало доволно удари за да се достави целата оваа вода на планетата, пишува порталот „Кликс“. На јагленородните астероиди како Рјугу (во превод од јапонски: „Дом на Змејот“), се собира мешавина од прав и мраз во надворешниот Сончев Систем. Присуството на вода и мраз ја поткрепува оваа теорија, а меѓу другото, помага и во научното одредување на староста на вселенското тело, но првичното датирање покажа дека Рјугу е едно од најстарите тела во Сончевиот Систем, (не многу веројатно) создадено уште пред 4,8 милијарди години.

Меѓутоа, кога Цујоши Иизука од Универзитетот во Токио и неговите колеги првично ја процениле староста на астероидот врз основа на радиоактивното распаѓање на лутециум-176 во хафниум-176 во мали примероци од астероидот, беа изненадени кога таа старост речиси и се совпадна со создавањето на Сонцето.

– Добивме старост од околу 4,8 милијарди години за примероците од Рјугу, што е дури и порано од појавата на Сончевиот Систем. Ова значи дека проценетото време е непрецизно кога станува збор за примероците од Рјугу, рече Иизука.

Наместо тоа, тимот сега верува дека околу милијарда години по формирањето на Рјугу, нешто го загреало астероидот доволно за да го претвори мразот во течна вода. Ова би однело дел од лутециумот-176, што го нарушува датирањето.

Сончевото зрачење би го загреало површинскиот мраз само до 40 сантиметри, додека примероците од Рјугу се земени од длабочина до еден метар. Најверојатното објаснување за загревањето на внатрешноста на матичниот астероид е судир со друг објект, според научниците. Иизука, но и други научници велат дека е можно – астероидите да носат вода до планетите и во тврда агрегатна состојба.

– Наодите посочуваат дека тие тела, всушност, можеле да донесат вода не само како течност, туку и како мраз. Наодите покажуваат што може да се научи од мисијата за враќање на примероците, изјави Џонти Хорнер од Универзитетот во Јужен Квинсленд во Австралија, кој не бил вклучен во главното истражување.

Проценувајќи ја количината вода потребна за промена на лутетиумот-176 во примероците од Рјугу, тимот пресметал дека астероидот е составен од 20 до 30 отсто вода – многу повеќе од првичните проценки.

– Отидовме таму и ги собравме примероците, така што Земјата воопшто немаше влијание. Тоа значи дека можете да бидете многу посигурни во „приказната“ што ја добивате. Одеднаш имаме докази дека астероидите биле „поводени“ отколку што претходно мислевме, што значи дека сега може поразумно да се објаснат потеклото на океаните на Земјата и кога ја погодиле планетата, заклучи Хорнер.

Јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ слета на Рјугу во 2019. и собра 5,4 грама материјал. Тоа се врати на Земјата – со наодите, следната, 2020 година.

Фото: Википедија

актуелно астероид Вода рјуги содржина
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Почина уште еден пациент заразен со западнонилска треска

септември 21, 2026

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА: „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НАЈМЛАДИТЕ

септември 21, 2026

Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен почна

септември 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.