Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Истражување: Образовниот систем неподготвен за е-настава, потребен е уницифран модел и обука на наставниците
Во Фокусот

Истражување: Образовниот систем неподготвен за е-настава, потребен е уницифран модел и обука на наставниците

јули 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Образовниот систем не беше подготвен за настава од далечина и не овозможи квалитетни услови за нејзино одржување, е главниот заклучок од националното истражување за енаставата во средните училишта за време на кризата со КОВИД-19, спроведено од здружението Лидери за едукација, активзам и развој (ЛЕАД), во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, канцеларија Скопје.

Истражувањето е направено од 25 мај до 15 јуни и биле опфатени 407 наставници и 627 ученици од средните училишта од сите региони на државата.

ЛЕАД ја поздравува одлуката на Министерството за образование и наука да се креира национална платформа за далечионско учеење која, според акцискиот план од нацрт-концептот, треба да биде воспоставена за две години, но препорачува дотогаш да биде унифициран начинот на спроведување на е-наставата доколку таа продолжи и од 1 септември.

Иван Јованов, извршен директор на здружението ЛЕАД, денеска на средба со новинарите рече дека не може да се предвиди кој од трите начини ќе се избере за новата учебна година (редовна настава, енастава или комбинирана), но каков и да биде, рече, тој мора да гарантира квалитет и унифициран модел при што наставниците ќе бидат исто ангажирани, учениците ќе добијат еднакво знаење, а оценувањето ќе биде објективно.

Поосочи дека без разлика дали и натаму ќе има далечинска настава, потребна е обука за сите наставници за користење дигитални алатки, но и приспособување на наставните програми во услови на е-настава односно тие да бидат дел од образовниот систем и во редовната настава и неа да ја надполнуваат.

„Каков и да биде начинот, тој мора да биде квалитетен. Ако е далечинско – да бидат овозможени сите услови, исто е и со комбинираната настава. Доколку наставата продолжи онлајн, треба да се избере една платформа која ќе се користи во сите училишта за да биде унифициран пристапот. Потребна е обука за сите наставници за дигитални вештини и, дополнително, да им се создадат услови за да може да спроведуваат настава од далечина, односно да им се обезбедат лаптопи, доколку работат од дома или, пак, отворање на училиштата заради силна интернет-конекција и компјутери кои може да помогнат во онлајн-наставата. Исто така, самите училишта може да закупат ЗООМ-простор, кој воопшто не е скап, а може да помогне во далечинската настава“, истакна Јованов за нивните препораки кои му ги доставиле на МОН.

Во истражувањето што го направиле во средните училишта на крајот на учебната 2029/2020, утврдиле пет причини зошто системот не бил подготвен за настава од далечина: пред пандемијата многу малку во наставата се користеле дигитални алатки, односно само во 64 отсто, најчест начин на е-наставата во трите месеци онлајн-учење (61 отсто од случаите) бил преку праќање презентации и задачи пратени на мејл.

Притоа Јованов посочи дека платформата Едуино, изработена од МОН, кај средношколците е користена само во 1 процент.

Причина за неподготвеноста е и ниското ниво на дигитализација односно
наставниците немале доволно услови за далечинска настава поради намање опрема (лаптопи), потоа слабата кооординација при реализација на е-наставата односно немање онлајн-распореди во училиштата при што наставниците имале личен избор како и кога ќе ја организираат наставата што довело до забуна кај учениците.

„Имало случаи ученици да добиваат по 15 домашни задачи во еден ден“, рече Јованов, посочувајќи и на уште една слабост односно причина што потврдува дека образовниот систем не бил подготвен за е-настава, а тоа е нереалното оценување односно оценувањето се базирало врз основа на редовната настава и ниту едно училиште не направило евалуација како течело далечинското учење.

актуелно е-настава истражување образовен систем
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.