Во многу италијански региони од вчера има вонредна состојба. Венеција, посебно историскиот дел од градот е комплетно под вода. Поплавата не ги заобиколи ни прочуениот театар Фениче, хотелите во тоа подрачје, под закана е и базиликата Свети Марко и се што е на ниво повисоко од еден метар над морската површина.
Нивото на водата е исклучително високо, како што не било од 1966 година. Штетите се евидентни во целиот град. Денес заседаваше штабот за вонредна состојба.
На терен од вчера, цела ноќ и денес се стотици пожарникари, припадници на цивилната заштита и силите на јавниот ред.
Се врши проценка за критичноста на училиштата во Венеција и околината, а граѓаните снимаат и испраќаат видео записи и фотографии од погодените подрачја, велат дека така се собира материјал каде состојбата е најкритична и веднаш се интервенира.
Вчера во Италија почна силно невреме кое вистински ја фрли земјата на колена од северот до југот и на островите. Улиците станаа реки вода која носеше и огромни количини кал, поплавени се многу станови, продавници, ресторани, јавни установи… Се се наполни со вода и кал.
Во градот кој е програсен за Престолнина на европската култура во 2019 година, на сила е портокалово метео.
На југот, во Наполи и во некои општини околу Везув затворени се 11 училишта.
Речиси на целата територија на Апенинскиот полуостров евидентни се штетите од водата која во извесни делови на „чизмата“ направи огромни одрони на патиштата.
Во Калабрија и Пуља на сила е црвен аларм.
Нов циклон со невреме се најавува од четврток попладне и ноќта кон петок и ќе трае најмалку до крајот на оваа недела. Според синоптичарите, ќе почне од северозапад, а потоа ќе се шири. Циклонот стигнува од Атлантикот, со обилни дождови, ветер и драстичен пад на температурите.
Објавен е и список на градови кои ќе бидат опфатени со невремето, а на листата се Торино, Милано, Болоња, Фиренца, Рим, Наполи, Бари и Палермо.










