Во близина на Савона во Италија вчера попладнето се сруши дел од мост на автопат. За среќа, нема повредени и загинати лица, затоа што оваа делница од автопатот А6 моментно не се користела многу.
Италија веќе со недели ја погодуваат разорни бури, а рушењето на триесетината метри од патот е нов сериозен инцидент.
Свлечиште или надојдена кал веројатно ги оштетија или поткопаа столбовите на патот па конструкцијата се сруши.
Да потсетиме, на 14 август минатата година загинаа 43 лица кога во Џенова се сруши многу прометниот мост Моранди.







