Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ИФИМЕС: Дел од Албанците тесно соработува со ВМРО-ДПМНЕ и комуницира со Груевски
Македонија

ИФИМЕС: Дел од Албанците тесно соработува со ВМРО-ДПМНЕ и комуницира со Груевски

мај 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Потполно е јасно дека Гордана Силјановска – Давкова не може да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ без благослов на Никола Груевски. Во нејзините настапи се забележува нота на влијанието на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Таа не нуди ништо ново, туку стара, веќе видена политика на Иванов и Груевски која особено е изразена кон Албанците. Силјановска – Давкова дури изјавуваше дека не ги сака гласовите на Албанците, што би можело да ги доведе Албанците во ситуација да бидат граѓани од втор ред и судејќи по се, не би го потпишала Законот за употреба на јазиците и би ги помилувала сторителите на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, стои во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

Според анализата, подготвена по повод вториот круг од претседателските избори во земјава што ќе се одржат на 5 мај годинава, Силјановска – Давкова во своите настапи покажа јасна тенденција дека би била претседател само на еден дел граѓани, а не на сите граѓани на Северна Македонија, која е мултиетничка, мултирелигиска и повеќејазична држава.

Каков било облик на национализам, посебно од страна на претседател на држава, се нагласува во анализата, би можел да биде кобен за Северна Македонија.

Во делот со поднаслов „Тајна средба на Груевски со Руси во Будимпешта“, анализата укажува дека Русија се уште не се откажала од намерата да го оневозможи влезот на Северна Македонија во НАТО и покрај потпишаниот Протокол за членство во Алијансата.

„За тоа сведочи и широкораспоространетата руска мрежа агенти, посебно присутна во албанските средини во Северна Македонија за време на престедателските избори. Изненадува фактот дека поедини албански лидери се вклучени во наведените активности. Задкулисните случувања на македонската политичка сцена покажуваат дека еден дел од Албанците се уште тесно соработува со ВМРО-ДПМНЕ и одржува комуникации/ соработка со Никола Груевски. Новина во тоа е и посредната соработка на Албанците со Руси преку Груевски што досега не е забележано во модерната историја на Албанците, кои своите стратешки односи ги градеа првенствено со САД, пишува во анализата.

Според аналитичарите, вториот круг од претседателските избори во земјава ќе биде најинтересен во средините во кои живее албанско население, бидејќи ќе биде прилика јавно да исплива на површина задкулисната соработка со Груевски, а посредно и со Русите, и во јавноста ќе се разоткријат улогите и вистинските лица на некои албански лидери.

„Вториот круг од претседателските избори претставува шанса за продолжување на промената во Република Северна Македонија почната со формирањето на новата Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Претседателските избори претставуваат политичка борба меѓу демократијата, авторитаризмот и национализмот, односно меѓу граѓанскиот и/или етничкиот карактер на Северна Македонија, оценува анализата.

Целата анализа може да се прочита на вебстраницата http://www.ifimes.org/ba/9662.

МИА

актуелно албанци вмро-дпмне груевски ифимес соработка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.