Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кабинет на Ципрас: Сите Грци треба да ја дознаат вистината за Договорот од Преспа
Македонија

Кабинет на Ципрас: Сите Грци треба да ја дознаат вистината за Договорот од Преспа

јануари 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нема да одбереме брзи процедури за Договорот од Преспа; имаме намера да биде информиран и последниот грчки граѓанин за аспектите на договорот; сметаме дека е важно да се одржи ТВ дуел со лидерот на опозицијата; неделните изданија на весниците ќе го објават целиот текст од договорот, се дел од следните чекори на грчката Влада во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа, според соопштението од кабинетот на Алексис Ципрас, во кое разјаснуваат неколку работи поврзани со решението меѓу двете земји.

„Нема да одбереме брзи процедури за дискусија и ратификација. И во никој случај нема кришум да донесеме еден договор клучен за иднината на Грција и стабилноста во регионот. Напротив, нашата намера е да биде информиран и последниот грчки граѓанин за сите аспекти (на договорот), за да може трезвено да процени дали е за или против нашите национални интереси, соопштуваат од кабинетот на Ципрас и објаснуваат дека нивниот стремеж е грчкиот народ да ја дознае вистината.

Во оваа насока, според кабинетот на грчкиот премиер, Министерството за надворешни работи на Грција ќе се погрижи во недела, во неделните изданија на грчките весници кои што се доста читани и популарни меѓу граѓаните да биде објавен целиот текст од договорот, „за сите откако ќе научат, да бидат во позиција да оценуваат“.

А за да можат граѓаните да ги слушнат и да ги споредат аргументите, од кабинетот на грчкиот премиер уште еднаш го повторуваат предлогот на Ципрас од вчера, да се одржи ТВ дуел со лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис.

„Во исто време, сметаме дека е важен чекор во информирањето на грчкиот народ, одржување на дискусија, дебатата со лидерот на опозицијата, а со единствена тема Договорот од Преспа, она што го предложи премиерот на вчерашната седница во Парламентот. Нашиот предлог е дебатата да биде на повеќе телевизии и да се одржи на почетокот на следната седмица, на ден и во време што ќе се договори,  пишува во соопштениот од кабинетот на Ципрас, објави МИА.

Паралелно упатуваат порака до сите демократски и прогресивни политички сили и до секој пратеник дека „за ваквите важни национални прашања, треба да преовладува е патриотскиот интерес“.

Доколку целиот текст од Договорот од Преспа излезе во весниците во недела ќе биде во исто време со протестот закажан во центарот на Атина од организации и здруженија што се против решението меѓу Македонија и Грција.

актуелно Договор преспа ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.