Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Каменос: Мојата црвена линија е да ја спречам употребата на терминот Македонија во името на Скопје
Македонија

Каменос: Мојата црвена линија е да ја спречам употребата на терминот Македонија во името на Скопје

март 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ние на кој било начин ќе ја спречиме употреба на терминот Македонија во името на Скопје, ова е јасно, вели лидерот на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос.

Во интервју за утринска емисија на грчката телевизија „Антена“, тој не само што ги повтори неговите позиции против сложено име, туку два пати порача дека тие како партија ќе се обидат на кој било начин, да блокираат терминот Македонија да биде вклучен во името на нашата земја.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Каменос рече дека за евентуалниот договор да стигне до грчкиот парламент, потребно е да се исполни грчкото барање за уставни промени.

„За да има промена на Уставот ќе треба да се одржат избори во Скопје. Ајде да речеме дека ќе се одржат избори и да речеме дека има пресврт и прифатат уставни промени, што денес не прифаќаат. Само тогаш, со одлука на грчката влада, ќе дојде овој договор во парламентот и ќе треба да решиме што ќе правиме. Ние пред сѐ нема да предложиме таквото решение да дојде во парламентот. Второ, и да предложат другите и Нова демократија и тогаш нема да гласаме. И ако треба и на друг начин да го блокираме процесот, ќе го сториме тоа“, рече Каменос.

На прашањето дали тоа значи и пад на актуелната грчка влада, лидерот на Независни Грци објасни дека за да се случи тоа, ќе треба одлуката да е и негова и на грчкиот премиер.

Каменос, токму поради барањето за уставни промени, смета дека договор нема да има, па дури ни по изборите во Грција што регуларно треба да се одржат во септември следната година.

„Сметам дека прашањето со името на Скопје нема да дојде пред изборите, бидејќи нема да има уставна промена во Скопје. Веруваме дека нема да дојде ниту по изборите. Но, доколку дојде, јас сум обврзан да го следам мандатот што го имам од граѓаните. И мандатот што Независни Грци го имаат од народот е никаква употреба на терминот Македонија, од никаква причина и на никаков начин, крај“, порача актуелниот министер за одбрана на Грција.

Во однос на изјавата на грчкиот премиер и употребата на името Горна Македонија на прес-конференцијата во петокот, во одговор на прашањето на дописничката на МИА од Брисел, Каменос вели дека тоа е став на Ципрас.

„Премиерот верува во тоа и јавно го кажа и се бори за тоа да најде решение со сложено име во рамките на договорот на Караманлис од Букурешт. Моето мислење и мислењето на Независини Грци, и тогаш беше исто, а тоа е да не се користи терминот Македонија во кое било име, дали е Горна, Нова, поранешна“, коментираше коалицискиот партнер во грчката влада.

Панос Каменос во интервјуто објасни дека тој е министер за одбрана во една коалициска влада, во која секој има свои црвени линии.

„Премиерот ги почитува моите црвени линии, јас ги почитувам црвените линии на премиерот“, додаде Камнос.

актуелно Букурешт Грција македонија независни премиер скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.