Mинистерот за одбрана на Грција и претседател на Независни Грци, Панос Каменос останува на неговиот став дека нема да поддржи договор што ќе содржи име со терминот Македонија и смета дека потребна е лидерска средба под покровителство на претседателот на државата за да се промени одлуката донесена во 1992, според која името треба да биде без терминот Македонија.
Панос Каменос на денешната прес-конференција, рече дека партијата има јасен, познат и цврст став, но изрази и резервираност дали договорот би поминал кај нас.
„Не се согласуваме и нема да гласаме за ниеден договор што ќе го вклучува терминот Македонија. Ова е одлука што излезе со формирањето на движењето, рече Каменос и објасни дека е во континуирана комуникација како со Ципрас, така и со Коѕијас, а од она што вчера го слушнал од шефот на грчката дипломатија, лидерот на Независни Грци рече дека од условите во договорот смета дека „во никој случај овој договор нема да биде прифатен или на референдум или од мнозинството во собранието на Скопје“.







