Фудбалерите на Камерун се освојувачи на Купот на Африка.
„Лавовите“ во финалето го совладаа Египет со 2:1, после пресвртот во вторите 45 минути од натпреварот.
Египќаните поведоа во 22 минута кога на асистенција на Мухамед Салах мрежата на противникот ја затресе Мохамед Елнени.
Но, фудбалерите на Камерун во продолжение на натпреварот ја превзедоа контролата на играта и заслужено стигнаа до петтиот трофеј КАН.
Дефанзивецот на Олимпик Лион, Николас Н’Кул во 59 минута го изедначи резултатот, а големо славје на „лавовите“ им донесе центарфорот на Бешикташ, Винсент Абубакар, со гол во 89 минута од средбата.







