Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Камчев како сведок во „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова
Судски процеси

Камчев како сведок во „Рекет“: Боки 13 ми вршеше притисок преку Јанева и Стефанова

декември 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Орце Камчев кој денеска во улога на сведок даваше исказ во Кривичниот суд, каде продолжи судењето за случајот „Рекет“, како што рече, уште во август дознал дека е ставен на ПИ мерки.

Ова му било кажано од адвокатот Васил Димишков, кој му рекол доколку сака да соработува со него треба да му исплатам 100.000 евра. -Ако се договориме, ми рече, ќе издејствува поблага мерка од онаа која ќе ми ја изрече Обвинителството. Јас не прифатив бидејќи немам направено кривично дело, рече Камчев на рочиштето за „Рекет“, во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешното рочиште од домашен притвор беше донесена второобвинетата Катица Јанева, а првообвинетиот Бојан Јовановски од КПУ Затвор – Скопје каде што издржува мерка притвор.

Камчев вели „Империја“ била конструирана во август 2018. Боки 13 во неколку наврати му укажувал преку понуда за бизниси дека се отвора предмет, кој според Камчев е конструиран од Боки 13.

Од Јовановски сведокот добил понуда за пи-ар реклама, Камчев му понудил 50.000 евра на што Боки 13 се навредил за висината на сумата.

Во својот исказ Камчев рече дека потоа Боки 13, заедно со третообвинетиот во „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец, кој ја призна вината и беше осуден на три години затвор, му понудил бизнис за отворање фешн молови.

На договорот, кој го понудил Боки 13 на крајот бил потпишан синот на Катица Јанева, но Камчев го одбил.

Според неговиот исказ му била понуден друг проект за пензионерски домови, а на тој состанок му побарал четири милиони евра.

“Во меѓувреме платив 180.000 евра за реклама на неговата телевизија.

Потоа ми пушти слика со обвинителката Јанева, по што ми кажа дека се спрема нешто големо против мене, изјави сведокот и додаде дека „Рекет“ е конструиран од Боки 13 и уште неколку луѓе.

Сведокот рече дека и обвинителката Лиле Стефанова преку нејзиниот пријател Ванчо Чифлиганец барал средства за ќерката на Лиле за ординација во зградата на Адора.

Камчев го спомена и покојниот директор на Телеком Жарко Луковски, кој исто така бил уценуван од Боки 13 дека ќе заглави во „Империја“ и еднаш му платил 10.000 евра, а потоа уште 250.000 евра.

Камчев потоа бил приведен и понудил гаранција за домашен притвор, а во првите денови во фирмите имал и испекции во сите компании. Ова, рече тој беше смислен притисок од Боки 13, преку Стефанова и Јанева.

Камчев се консултирал со пријатели од Бугарија, кои го поучиле да му даде пари на Боки 13, но да бидат означени и снимени.

Тој му понудил на Јовановски 250.000 евра, а Боки 13 му пренел дека Јанева е многу нервозна, по што Камчев одлучил да му го исплати милионот.

Додека бил во домашен притвор Камчев четири пати бил во СЈО на разговор и на едно од тие испрашувања Катица му рекла: „тоа што го договараш со Боки да го завршиш”.

Камчев пријавил во УБК дека му дал пари на Боки во чанта Луј Винтон, а потоа обвинетиот другиот ден дошол кај него и му рекол дека од Јанева дознал оти финансиска полиција го следела, бидејќи извадил голема сума пари, на што Камчев му одговорил дека тоа се парите што ги вадел за него и за Катица.

Директорот на УБК го советувал Камчев да ги сочува сите харфдискови за да се дадат на вештачење и да се искористат во предметот.

По исказот на сведокот Орце Камчев, почна вкрстеното испрашување, а денеска на рочиштето требаше да се појави и неговата сопруга Ана Камчева, како сведок, но таа не дојде, поради тоа што била болна.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Јовановски и Јанева.

Милески има право на жалба до Апелацискиот суд само во делот на висината на казната.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во рамките на случајот „Рекет“, Обвинителството отвори нова истрага, која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13.

Истрагата за „Рекет“ е проширена, односно е донесена наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Орце Камчев рекет судење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.