Канада обезбеди пласман во полуфиналето во новиот формат на „Дејвис куп“, откако Вашек Поспишил и Денис Шаповалов го добија решавачкиот натпревар во двојки против Австралија.
Бр.150 на светска ранг-листа, кој игра исклучително инспирирано од почетокот на неделата во Мадрид, им даде предност на „јаворовите листови“, откако во воведниот натпревар го совлада Џон Милман со 7-6 (7), 6-4.
Шаповалов, кој досега имаше и два успешни синглови, беше близу до третата победа против Алекс де Минор, но на крај беше поразен со 6-3, 3- 6, 5-7.
Шампионот од Стокхолм, сепак, закрепна малку подоцна и заедно со Поспишил го совладаа тандемот Џордан Томпсон и Џон Пирс со 6-4, 6-4.
Така Канада се квалификува во полуфиналето, каде што нејзин ривал ќе биде победникот меѓу Србија и Русија, дуел што се игра в сабота.
Во другите две четвртфиналиња, попладнево ќе се соочаат Велика Британија – Германија и домаќинот Шпанија против Аргентина.







