Доцна синоќа, на неколку часа пред истекот на рокот, политичките партии ги доставија листите за кандидати за градоначалници и советници за локалните избори. Рокот истекуваше на полноќ, а партиите тактизираа до последен момент со имињата на кандидатите.
Сега, Општинските изборни комисии во рок од 48 часа од приемот на листите на кандидати треба да утврдат дали тие се поднесени во соодветен рок и дали се во согласност со одредбите на Изборниот законик. Потоа, потврдените кандидатски листи треба да бидат доставени до ДИК најдоцна до 16 септември.
Жрепката за редоследот на партиите на листите треба да се одржи на 18 септември.
Шестите локални избори се закажани на 15 октомври и ќе се спроведуваат во 80 општини и во градот Скопје.
Изборната кампања почнува на 25 септември на полноќ, а ќе заврши на 13 октомври.







