Фудбалерите на Катар се поразени на стартот на Светското првенство, а ќе останат регистрирани како првата селекција што забележа неславна традиција.
Од Мундијалот во 2006 година во Германија, ФИФА практикува воведниот меч на Мундијалот да го игра домашната репрезентација, така беше во Германија, Јужна Африка, Бразил, Русија и Катар.
Домаќинот на тековното Светско првенство ќе влезе во неславните книги на рекорди како прва селекција поразена на стартот од шампионатот, со што ја прекина славеничката традиција на домаќините.
(Фото: АП)







