На натпреварот против Австралија (4:1) тешко се повреди францускиот дефанзивец Лукаш Хернандез.
Бекот на минхенски Баерн мораше да ја напушти играта во 13. минута.
Синоќешниот преглед покажа дека 26-годишниот Хернандез ги скинал предните вкрстени лигаменти и за него Светското првенство е завршено, но и целата сезона.
Тоа е уште еден удари за бранителот на титулата, бидејќи претходно се повредија и Карим Бензема, Кристофер Нкунку, Н`Голо Канте, Пол Погба, Мајк Маињан и Преснел Кимпембе.
На Хернандез, фудбалерот кој ги одигра сите натпревари на Светското првенство пред четири години, синоќешниот настап му беше 32-ри во кариерата за француската репрезентација.
(Фото: Профимедиа)