Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Катругалос: Ратификуван договор е правна реалност што треба да се почитува во интерес на земјата
Македонија

Катругалос: Ратификуван договор е правна реалност што треба да се почитува во интерес на земјата

февруари 27, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кога еден договор е ратификуван и претставува правна реалност, го толкуваш на начин на кој е во интерес на земјата, рече министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос на конференцијата посветена на грчко – американските односи, во организација на фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на прашање од присутните, шефот на грчката дипломатија говореше за резултатите и она што го направила актуелната влада. Го спомена стратешкиот дијалог со САД што започна во октомври мината година, а во однос на спорот со името се обрати до оние кои сметаат дека разликата меѓу двете земји не е решена. Ги повика да ги прочитаат изјавите на претседателот на државата, Прокопис Павлопулос, од Коница, „кој ги повикува сите да го толкуваат Договорот од Преспа, содржината и духот на договорот, онака како што треба за да не се остава ниту трага од иредентизам, а тоа го гарантира Договорот од Преспа“.

„Со други зборови како и претседателот на државата, така и Евангелос Венизелос, во обраќањето во парламентот кој е друг значаен фактор го кажа она што се подразбира. Дека кога имаш ратификуван договор од твојата земја, дури и да имаш приговори за ратификацијата, кога веќе претставува правна реалност, го толкуваш на начин што е во интерес на земјата, а не на начин на кој ги зајакнува оние кои што сакаат да ги поткопаат интересите на твојата земја, рече Катругалос.

На конференцијата „Додадената геополитичка вредност на Грција и грчко- американските односи: Предизвици и можности“, организирана од ЕЛИАМЕП, свои обраќања имаа амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос и одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. Иако акцентот на сите говори беше ставен на односите Атина – Вашингтон и стратешките цели, сепак, неизбежно беше споменат и Договорот од Преспа.

Шефот на грчката дипломатија рече дека постои триаголник на нестабилност – Украина, Либија и Сирија, а во центарот е Грција, која, како што рече, и покрај економската криза, не е само фактор на стабилност, туку и извозник на стабилност, „нешто што го докажавме на најдобар начин со Договорот од Преспа“.

Амбасадорот на САД во Атина, ја спомена неодамнешната средба на грчкиот премиер со делегацијата на американскиот Конгрес на маргините на Минхенската безбедносна конференција, на кои ја истакнале улогата на Грција како столб на стабилност во регионот, „за значајниот придонес на земјата за време на мигрантската криза, за постигнувањето и имплементирањето на Договорот од Преспа и напорите да продолжи продлабочувањето на билатералните, одбранбените и безбедносните односи“.

Кумуцакос рече дека нема посебно да се осврне на „прашањето на Скопје, бидејќи настаните од изминатите денови, ја потврдуваат загриженоста на Нова демократија“.

актуелно Договор катругалос ратиикуван реалност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.