Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Квалификациско тестирање во три средни училишта, во „Орце Николов“ ќе има уште една билингвална паралелка
Во Фокусот

Квалификациско тестирање во три средни училишта, во „Орце Николов“ ќе има уште една билингвална паралелка

јуни 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во скопската гимназија „Орце Николов“ утре нема да се полага квалификациско тестирање како што претходно беше најавено поради поголем број пријавени ученици со ист број бодови од предвидените места во Конкурсот.

На својата веб-страница гимназијата објави дека тестирањето нема да се одржи откако МОН одобрило четврта билингвална англиска паралелка, а и за да се заштити здравјето на учениците.

„По одлуката на МОН за одобрување 4-та билингвална англиска паралелка, а во насока за зачувување на заедничката безбедност и здравје, следејќи ги препораките на Владата и на СЗО, квалификациското тестирање за билингвална англиска паралелка нема да се одржи“, објавено е на веб-страницата на училиштето.

Како што од МОН соопштија во петокот за МИА, во оваа скопска гимназија беше предвидено квалификациско тестирање за билингвална настава на англиски јазик, по предметот англиски јазик.

Биле пријавени 145 ученици со максимални 75 бода, а според Конкурсот треба да се примат 136.

Тоа предизвика реакции во некои од останатите три средни училишта со здравствена струка каде што за насоката медицинска сестра се пријавиле повеќе ученици со ист број бодови.

Утре од 10 часот за тие кандидати ќе има квалификациски тестови и од резултатите ќе зависи конечната листа за прием на ученици во прва година во 2020/2021.

Се работи за СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје за медицинска сестра на настава на албански јазик, каде што се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број бодови се пријавени 166 ученици.

Во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, здравствена струка–медицинска сестра на македонски наставен јазик, слободни се 34 места односно една паралелка, а со исти бодови се пријавени 39 ученици, како и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, здравствена струка–медицинска сестра на македонски наставен јазик, за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максинални (75) бодови.

Учениците што се пријавиле за оваа насока во овие три училишта утре ќе се организира проверка на знаењето по наставните предмети биологија и хемија на јазикот на кој тие ја следеле наставата во основното училиште.

Тестовите ги изработува Бирото за развој на образованието, а
комисијата за организирање на квалификациското тестирање е
формирана од членови на МОН, БРО и наставници од самите училишта.

Средните училишта во петокот по 15 часот ги објавија ранг-листите со запишани ученици од првото пријавување во јунскиот рок кое беше спроведено на 16, 17 и 18 јуни.

Според роковите од Конкурсот, второто пријавување и запишување е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување ќе биде на 29 јуни

актуелно средни училишта тестирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.