Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кејт Бернс му ги предаде акредитивите на Пендаровски со желба што поскоро да не види во НАТО
Политика

Кејт Бернс му ги предаде акредитивите на Пендаровски со желба што поскоро да не види во НАТО

јули 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со желба што поскоро да не види како 30. членка на НАТО, новата американска амбасадорка Кејт Бернс денеска на церемонијата во Вила Водно му ги предаде акредитивните писма на шефот на државата Стево Пендаровски.

„Со нетрпение очекувам до крајот на годината да и посакаме добредојде на Северна Македонија како 30. членка на НАТО“, му порача таа на Пендаровски.

Изрази задоволство што својот мандат го почнува во овој клучен период за односите меѓу двете земји.

„Како сојузници, нашите односи ќе стануваат посилни, поврзани преку нашата заедничка заложба за мир, безбедност и просперитет во регионот и пошироко“, му рече Бернс на Пендаровски

Нагласи дека во очекување на влезот на земјата во НАТО, продолжува работата врз основа на веќе изградени цврсти темели на традиција и партнерство.

„Повеќе од 25 години работиме заедно и постигнавме многу во унапредување на нашите заеднички цели – да ја видиме Северна Македонија целосно интегрирана во западните институции и целосно посветена на нашите заеднички вредности, демократијата, индивидуалната слобоа и владеењето на правото“, рече Бернс.

Таа напомена дека двете земји се посилни поради нивната ваземна соработка.

„Нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно на унапредување на нашите цели за безбедна и просперитетна Северна Македонија и Европа. Нашите бизнис лидери работат заедно за да создадат работни места и да ги развијат нашите економии. Нашите професори и студенти соработуваат на иновативни истражувања, а нашите уметници разменуваат идеи и
инспирација“, додаде таа.

Се обврза дека за време на нејзиниот мандат ќе промовира стабилност преку силни институции и дека ќе ги поддржува напорите на властите во борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото, ќе ја унапредува помошта и партнерството преку приватниот сектор и ќе работи на зацврстување на безбедноста преку партнерството од одбраната.

Пендаровски, посакувајќи и добредојде на новата американска амбасадорка и успешност во нејзината мисија напомена дека дипломатските односи меѓу двете земји успешно се развиваат повеќе од две децении.

Нагласи дека одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето надипломатските односи следната година треба да даде дополнителен импулс за натамошно негување и зајакнување на стратегиското партнерство и политичкиот дијалог, како и за продлабочување на соработката во сите останати области.

Пендаровски изрази благодарност за континуираната и цврста поддршка што САД и ја дават на Северна Македонија од самиот почетокот на нејзината независност.

„Таа поддршка, посебно изразена во доменот на остварувањето на стратешките цели – целосно интегрирање во Евроатлантските структури и организации – не е само доказ за цврстото пријателство, туку и суштествен поттик и охрабрување за успешно соочување со сите предизвици во денешниот свет на постојани промени“, истакна шефот на државата.

Нагласи дека двете земји се поврзани со заедничките заложби и решителност за чување на мирот, зајакнување на демократијата и почитувањето на човековите права.

„Стоиме заедно со САД и во борбата против тероризмот. Одлучни сме да продолжиме да дејствуваме во насока на натамошно промовирање на универзалните вредности што ги споделуваме“, додаде тој.

Пендаровски смета на натамошната поддршка на САД во периодот на наскоро завршување на процесот на ратификација на Пристапниот протокол.

„Имајќи го предвид Вашето досегашно дипломатско искуство, уверен сум дека значително ќе придонесете за уште подинамичен развој на нашите меѓусебни односи во што, ве уверувам, ќе ја уживате нашата целосна поддршка, помош и соработка“, додаде тој.

Истакна дека се надева оти во текот на нејзиниот мандат ќе се продлабочи соработката со изнаоѓање нови форми за содржинско збогатување на билатералната соработка, вклучително и преку интензивирање на економските односи и зголемувањето на американските инвестиции.

„Отворени сме за соработка и во сите останати домени – културата, образованието, науката и технологијата“, додаде Пендаровски.

акредитиви актуелно Кејт Бернс стево пендаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.