Маријана Буданова, сопруга на шефот на украинската воена разузнувачка служба, Кирил Буданова, наводно е отруена, јавуваат украинските медиуми.Ова го потврди претставник на воената разузнувачка агенција (ХУР) за „Киев Индипендент“, но истакнува дека нему моментално не му е дозволено да излезе во јавност.
Украинскиот медиум „Бабел“ претходно денеска извести, повикувајќи се на извори од воено разузнување, дека Буданова е хоспитализирана поради труење со тешки метали.
Претставник на ХУР ја потврди информацијата на „Бабел“ во коментар за „Киев Индипендент“.
Буданова, наводно, била хоспитализирана откако здравствената состојба и била сериозно влошена.
„Лекувањето е во тек, а потоа ќе следат лекарски прегледи“, изјави изворот на „Бабел“.
„Овие супстанции на ниту еден начин не се користат во секојдневниот живот и во воените работи. Нивното присуство укажува на намерен обид за труење“, се наведува во текстот.
Портпаролот на ХУР, Андриј Јусов, претходно изјави дека ова е „нов руски напад врз Кирил Буданов“. Русија, истакнал тој, неколку пати се обидела да го убие Буданов но сите обиди биле на време биле спречени.







