Германскиот производител на врвни автомобили, „Мерцедес-Бенц“, во третиот квартал од оваа година ја удвои годишната нето добивка на речиси четири милијарди евра.
Приходите на компанијата се зголемија за 19 отсто на годишно ниво, на 37,7 милијарди евра.
Добрите деловни резултати се резултат на големата побарувачка во Кина.
Како што објасни производителот на автомобили при објавувањето на своите квартални деловни резултати, добра продажба бележат во Кина, која е нивни најголем пазар, но исто така и на сметка на владините стимулации за купување автомобили таму.
„Мерцедес-Бенц“ на тој начин во Кина, од јули до крајот на септември, продаде 226.600 автомобили, што е речиси 70 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, јавуваат странските новински агенции.
Од друга страна, компанијата во Европа продаде само 146.100 возила.







