Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кипар и Грција,ова лето ќе се поврзат со редовна бродска линија
СВЕТ

Кипар и Грција,ова лето ќе се поврзат со редовна бродска линија

април 17, 2026Updated:април 17, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Грција и Кипар и ова лето, петта година по ред, ќе се поврзат со директна бродска линија, траектите ќе сообраќаат од крајот на мај до 1 септември, а цените за патувањето што трае околу 31 час се непроменети од лани и почнуваат од 41 евро во еден правец – јави дописничката на МИА од Атина.

Годинава бродскиот превоз ќе се врши со поголем траект, кој има капацитет да пренесе 394 патници и 290 возила, располага со 20 еднокреветни, 10 двокреветни и 58 четирикреветни кабини, две трокреветни кабини за лица со инвалидитет, осум четирикреветни кабини за патници со домашни миленици, како и 84 авионски седишта, а во бродот има ресторан, кафетерија, медицинска служба и казино.

Во однос на фреквенцијата на линиите за 2026 година, планирани се вкупно 22 повратни патувања, од кои шест ќе се реализираат во периодот мај – јуни, осум во јули и уште осум во периодот август – септември.

Цените, како што соопштија од Министерството за поморство на Кипар, остануваат исти како и лани и нема никакви зголемувања.

Според кипарските медиуми, за патување во еднокреветна кабина цената за едно лице е 76,08 евра во еден правец, а повратниот билет чини 152,16 евра, во двокреветна кабина е 71,08, односно 142,16 евра, а за четирикреветна билетот е 66,08, односно 132,16 евра.

Најевтин е билетот доколку се избере само седиште и чини 41,08 евро во еден правец, односно 82,16 доколку е повратен.

За возилата до пет метри, вкупната цена изнесува 134,05 евра во еден правец и 268,10 евра повратен билет, а за домашни миленици во кабина цената е 50 евра за еден правец.

На прес-конференцијата во Министерството за поморство на Кипар биле презентирани и податоците за патничкиот сообраќај во изминатите четири години, при што од првата до четвртата година има зголемување од 6,27 отсто на бројот на патници, 157,14 проценти на патници со инвалидитет, 35,07 отсто зголемување на бројот на возила и 74,63 проценти зголемување на бројот на домашни миленици.

Од 2022 до 2025 година траектот го искористиле 30.459 патници, 161 лице со попреченост, 10.680 возила и 1.130 домашни миленици.

Бродската линија меѓу Грција и Кипар, по пауза од над 20 години, одново беше воведена во јуни 2022 година.

Двете земји првпат бродски се поврзале во 1960 година, а линијата ги поврзувала пристаништата од Кипар, Грција, Израел, Либан и Египет. Во 2000 година бродскиот сообраќај бил прекинат бидејќи линијата била економски непрофитабилна за компаниите поради намалениот број патници.

Извор/Фото:МИА

актуелно бродска Грција кипар линија поврзување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.