Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кнаус: Целиот регион ќе страда ако Северна Македонија биде блокирана за ЕУ
Политика

Кнаус: Целиот регион ќе страда ако Северна Македонија биде блокирана за ЕУ

ноември 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Република Северна Македонија е единствената земја за која Европската комисија е категорична дека може да започне преговори. Ако земјата за која ЕУ верува дека е најдобро подготвена да го започне преговарачкиот процес повторно е блокирана поради билатерални проблеми, тогаш целиот регион ќе страда“, оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за мстабилност, Гералд Кнаус.

„Колку е опасно кога политичарите во регионот ќе престанат да веруваат во европската перспектива може да се види на друго место, источно од ЕУ, каде се водат војни и каде националистите тврдат дека ЕУ е „фата моргана“, вели Канус во интервју за Бугарското национално радио.

Кнаус нагласува дека ако Бугарија инсистира Република Северна Македонија да го прифати бугарското толкување на историјата во последните 100-150 години, треба да знае дека тоа е „изгубена работа“.

А, ако тоа навистина стане услов за почеток на преговори, тогаш нема да има
преговори.

Според него, владата во Скопје има само една опција–и покрај блокадата, да продолжи со реформите, да продолжи со соработката со ЕУ за да се приближи до членството.

Во спротивно, земјата ќе западне во политичка безнадежност.

„Бугарија нема да добие ништо друго освен непотребна напнатост со соседот и недоразбирање од страна на европските партнери. Нема победници во овој спор. Нема македонска влада што признава дека идентитетот на нејзиниот народ е комунистичка измислица“, истакнува Кнаус.

За тоа дали Германија како претседавач со ЕУ и најмоќна земја во ЕУ, може да помогне да се решат отворените историски прашања, тој смета дека Берлин е од помош, но не со притисоци.

„Единствениот излез е сите да признаеме дека Бугарија има свое читање на историјата, што е различно од толкувањето во Република Северна Македонија. Ова не значи дека бугарското гледиште е погрешно или невистинито. Ниту, пак, дека Бугарија треба повтроно да ја пишува својата историја. Но, тоа сигурно значи дека Бугарија не може да побара од својот сосед да прифати бугарско толкување на историјата. Актуелната ммакедонска влада е најдобриот можен партнер за Бугарија. Обратната страна на медалот е намерната и бесецелна манипулација со историјата што ја видовме во времето на Никола Груевски“, вели Кнаус.

Компромисот, според него, треба да се бара во соработката на сите полиња и повеќе контакти меѓу луѓето од двете страни на границата.

„Бугарија може да ја продлабочи размената на студенти со Република Северна Македонија. Како економски посилна земја, може да создаде стипендии за студенти и можности за контакти меѓу луѓето. Може да има промена во ставовите, но секако не под притисок. Како услов за почеток на преговори со ЕУ, ова барање е крајно несоодветно. Ова може да стане сериозен проблем за сите земји во Југоисточна Европа. Последиците се национализам, политичка и економска нестабилност на целиот регион“, оценува политичкиот аналитичар и основач на Европската иницијатива за
стабилност, Гералд Кнаус.

актуелно ЕУ Кнаус северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.