Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Коалицијата против ГМО контра директорот на АХВ, бара мораториум за ГМО храната
Здравје

Коалицијата против ГМО контра директорот на АХВ, бара мораториум за ГМО храната

декември 11, 2018Updated:декември 11, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Неформалната група граѓани и организации „Коалиција против ГМО“ утрово преку соопштение до медиумите реагира на изјавата на директорот на Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) Зоран Атанасов од 09.12.2018 во врска со ГМО и најавеното бришење на членот 55 од Законот за безбедност на храната кој гласи: „Се забранува производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО.”.

Коалицијата изнесува спротивни тврдења од оние на Атанасов, повикувајќи се на, како што наведува, научни студии до кои посочува и интернет линкови.

Смета дека сигурноста на ГМ храната и истражувањата поврзани со неа се сѐ уште во многу рана фаза со многу недоследности поради што на Македонија, како што наведува, ѝ е потребен мораториум по ова прашање најмалку додека нема доволно докази за ризиците и штетноста.

„Атанасов во својата изјава тврди дека нема ниту едно истражување што ја докажува штетноста на генетски модифицираната храна. ГМ храната е докажано штетна на два начина: врз човековото здравје и врз природата. Постојат сериозни научни студии, кои ја докажуваат штетноста од ГМ храна врз човековото здравје, стои во соопштението.

ГМО кај луѓето, според Коалицијата, ја загрозува плодноста, го зголемува ризикот од канцерогени заболувања, аутизам, генетски мутации, кај природата предизвикува уништување на локалниот биодиверзитет и нарушување на рамнотежата, додека кај локалното земјоделство поттикнува зависност – земјоделецот секоја година да купува ново семе од компании кои имаат контрола врз неговот производство.

„Атанасов во својата изјава тврди дека ГМ храна има поголема продуктивност, но гладот во светот е предизвикан од сиромаштијата и непристапноста до здрава, нутритивна храна кај огромен дел од светското население, не поради недостиг на храна или поради фактот дека не се произведува доволно. ФАО вели: „во моментов се произведува доволно храна за да се нахранат преку 12 милијарди луѓе, многу повеќе отколку што би било потребно за да се нахрани вкупното светско население.” Во Македонија 30 отсто од храната секоја година се фрла. Годинава земјоделците фрлија тони јаболка незадоволни од откупната цена од еден денар за килограм, посочува Коалицијата.

Воедно укажува дека Македонија има богата ризница на автохтони и традиционални семиња, кои за разлика од генетски модифицираните, се природно отпорни на болести, а поради свесната практика на земјоделците за ротација на традиционалните автохтони култури не се исцрпуваат хранливите состојки и минералите од почвата, за разлика од монокултурното интензивно производство на ГМ култури, кои може да имаат и долгорочни негативни влијанија врз микроорганизмите во почвата.

Коалицијата изнесува спротивно тврдење од она на Атанасов и во врска со глутенот, како и со дијагнозите за целијакија кои наводно се елиминираат ако храната е генетски модифицирана.

„Атанасов во својата изјава тврди дека усогласувањата на Законот се во насока на стандардизација со ЕУ регулативите. Според Европската агенција за безбедност на храната „согласно легислативата на ЕУ, секоја земја членка има право да одлучи дали ќе култивира ГМ култури на својата територија”.Никој не може да предвиди точно како определен вид ќе се однесува на површината, на која е засаден и како тоа ќе влијае на екосистемот – како ќе може да се контролира примената на ГМ семе само на една нива, а не на друга.

„Еднаш кога ќе настане контаминација на земјата со ГМ семиња, ефектите врз екосистемот се непредвидливи. Македонија мора да се концентрира на развојот и заштитата на локалните автохтони, природно отпорни сорти преку здрави земјоделски практики што придонесуваат кон биодиверзитетот и одржливоста на Земјата. Обединетите нации во 2017 нудат решение: „малите органски семејни фарми ќе го прехранат светот, потенцира Коалицијата против ГМО во соопштението.

актуелно гмо коалиција храна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.