Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски-Борел: Поддршката на ЕУ за Северна Македонија продолжува и на политички и на економски план до полноправно членство
Македонија

Ковачевски-Борел: Поддршката на ЕУ за Северна Македонија продолжува и на политички и на економски план до полноправно членство

ноември 29, 2023Updated:ноември 29, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел кој во пресрет на одржувањето на 30тиот Министерски состанок на ОБСЕ е во Скопје.

На билатералниот состанок покрај премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел, присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за актуелности поврзани со европските аспирации на Северна Македонија, за реформскиот напредок во клучните области и за политичките состојби во земјава.

Високиот претставник на Европската Унија, Жозеп Борел го поздрави успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ. Соговорниците разменија ставови дека претседавањето сериозно придонесе кон зајакнато позиционирање на земјава во меѓународни рамки како конструктивен актер за стабилност и соработка.

Потпретседателот на Европската комисија Борел се заблагодари што Северна Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на Европската Унијата.

Воедно, ја поздрави непоколебливата поддршка што Северна Македонија и’ ја дава на Украина.

Двајцата соговорници разменија мислења за текот на пристапниот процес на нашата држава, како и за скрининг процесот, чиј извештај ќе биде поттик за интензивен ангажман, со цел да се забрза реформскиот процес за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Билатералниот скрининг е важен дел од процесот и потврда дека Северна Македонија се движи во вистинската насока, истакна на средбата премиерот.

Потпретседателот на Европската Комисија, Жозеп Борел истакна дека уставните измени се клучни за напредокот на Северна Македонија во ЕУ и апелираше дека истите што побрзо треба да се усвојат.

Премиерот Ковачевски на средбата со високиот претставник на ЕУ Борел, изрази благодарност за силната поддршка на Европската Унија и изрази и верување дека со новиот План за раст за Западен Балкан, Унијата ќе го интензивира својот ангажман на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на Северна Македонија.

Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека политиките на Владата се на линија на европската агенда и земјата има политички капацитети коишто можат да придонесат по успешно завршениот скрининг процес, со динамично темпо Северна Македонија да влезе во преговарачки процес и до 2030 година земјата да стане членка на ЕУ.

На средбата беа разменети ставови за Планот за раст на ЕУ, кој е од клучна важност за реформите на финансиските капацитети и економските капацитети на државите, но и јакнењето на институциите, на земјите од Западен Балкан. Ковачевски и Борел разговараа дека овој план ќе ја зголеми економијата  на Северна Македонија, и ќе и овозможи значи економско поврзување и присуство на единствениот пазар од половина милијарда потрошувачи, преку кој ЕУ стана трговска суперсила.

 

 

(Фото:Влада на РСМ)

актуелно Борел ЕУ ковачевски македонија поддршка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.