Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието од политички причини
Македонија

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието од политички причини

мај 16, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оцени дека само ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието, а не целата опозиција, како и дека тоа го прави од политички причини, „заради обезбедување некакви внатрепартиски позиции”.

Ковачевски порача пратениците да бидат на ниво на одговорноста што ја имаат пред граѓаните зашто во Собранието, посебно сега, рече, треба да се донесат многу важни закони.

Парламентот, нагласи Ковачевски, е место каде што треба да се негува демократијата и да се разговара, а не да се користи за блокирање и за бојкотирање, бидејќи тоа не носи никому ништо добро.

„Пристапот на ВМРО-ДПМНЕ, досега велев опозицијата, меѓутоа очигледно е дека не е опозицијата, туку дека се работи само за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ги гледаме другите политички партии кои имаат поодговорен пристап од опозицијата, дека ова го прават чисто од политички лични причини, за обезбедување некакви си позиции во самата партија. Уште еднаш ги повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на одговорноста што ја имаат не пред партија, туку пред граѓаните, со оглед дека Собранието треба да работи за да се носат закони што значат унапредување и на стандардот, на задржување на стандардот на граѓаните, меѓутоа и на овозможување подобри услови на компаниите во ова кризно време, напомена Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги интензивира блокадите и дека може да излезе на улица.

Тој потсети и дека веќе го кажал својот став околу блокадата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Веќе дадов неколку изјави во однос на тој пристап. Сметам дека е апсолутен погрешен во време на вакви кризни услови. Ги гледате изјавите на сите лидери во Европа, меѓутоа и на сите лидери во соседството, дека се работи за исклучително кризен период. Не очекува исклучително тешка зима и Владата работи на обезбедување се што е потребно за ценовните шокови да бидат што помали и на обезбедување на енергенсите кои ќе овозможат непречено снабдување на домаќинствата, но и непречено снабдување на индустријата. Во подготовка е и ребалансот кој предвидува намалување на сите трошоци кои не мора да бидат направени со цел да има средства за најранливите категории граѓани и за поддршка на компаниите кои веќе почнаа да се реализираат преку Банката за развој, објасни премиерот.

Според него, Собранието е место каде што сите политички партии се застапени.

„Собранието е место каде што постојат комисии за сите области во општествениот и економскиот живот каде што на најдемократски начин може да се разговараат сите законски решенија, можат да се унапредуваат сите законски решенија и исто така Собранието е место каде што треба да се негува демократијата, каде што треба да се разговара токму за тоа што кажав, а не да се користи за блокирање и за бојкотирање, бидејќи тоа не носи никому ништо добро, потенцира Ковачевски

актуелно блокада вмро-дпмне ковачевски собарние
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.